Малку глупаво прашање ама многу ме интересира во врска со чекираниот багаж. Нели димензиите се овие, е сега го измерив куферот дома со метро и ми испаднаа 65cm висина, 42cm должина и 35cm ширина. Ги претварам m во cm и скроз истрипав да не сум во грешка нешто, зашто со наведениве димензии од wizzair комотно можам дупло поголем куфер. Ве молам поправете ме ако сум грешка..
Не си грешка @Hija.de.la.luna А овој куфер не одговара според димензиите на кабинскиот? Не се сеќавам како беа, ги менуваа пред некое време, ама провери. Имаше и мал и голем. За да не плаќаш за багаж, ова не е многу голем куфер.
Можеби е малку доцна ама подобро некогаш отколку никогаш Само денес WizzAir имаат промоција две карти по цена за една. Кој е заинтересиран нека ѕирне, летаат за Барселона од 1ви јули
^ Ама ги качиле дупло цените Сестра ми картата што ја купи минатата недела за Дортмунд е скоро дупло покачена, за истиот ден. Баш ги гледавме цените, сите им се покачени.
Цените се покачени во текот на денот, утрово гледав многу пониски цени додека сега се стварно дупло поскапи ама според мене сепак многу исплатливи. Жал ми е што немав прилика да се логирам и пишам порано. Барајте рандом датуми ако не сте врзани овде со некакви обврски, се наоѓаат сепак добри зделки.
Денес има понуда од Wizzair за еден купен билет втор гратис, така прочитав по порталиве. Инаку ептен се исплати да се лета со нив, само ако се резервира однапред. Моите беа за Милано скоро и купија карти два-три месеца пред тоа. Супер зделка им испадна. И се, ама буквало се имате на нивната страна што, како, колку смее да се носи, чекирањето како оди и сл.
Cenite variraat mnogu, kolku poveke priblizuva letot tolku poveke skokaat cenite! jas ednas kartata mi bese 45e pa se mislev koj den da go izberam, pa skokna na 76, pa na 96 i na kraj veke sledniot den ja plativ 145e, zasto morav da se vratam doma! inaku ne se tolku eftini, na sajtot pisuva eve na primer sega kartata mi e 39 e, a kufer 35, pa osiguruvanje, rezevacija, i iplus vo drug pravec, taka da mi izleguva poskapo otkolku da zemam dr kompanija koja se ti vklucuva vo cenata!
И јас гледав сабајлево и одма после 00:00, прееевтини беа летовите, да ти е жал да не резервираш. Патем сега гледам дека летот ми е 8.000, а јас прееска го резевирав за 2.500. Ако се начека правиот момент баш се исплати.
За малку не одговара на кабинскиот. Ништо.. не ми се исплати да купувам нов куфер, така што ќе морам да го чекирам овој.
Во врска со дозволата за пренесување на течности во рачен багаж со WizzAir имам едно прашање- дали пластичната кеса во која се ставаат сите тие декоративни производи и сл. до 1л треба да се пријави одделно,извадена од рачниот багаж?
Δ Posebno ja vadish samo za skeniranjeto. Posle sekako dodeka soberesh palto, kaish ako si vadila, konduri ako si soblekuvala itn, ke zastanesh i ke si ja stavish vo rachen bagaz.
Mnogu dobra kompanija se, a i cenite mnogu povolni.Korektni se,a i tocni okolu vremeto. Se na se imam samo pofalni zborovi za niv do sega. A vo vrska so bagazot, imaat ogranicuvanja da, no ke probas da se prilagodis ili pak da doplatis.