Кој сака да резервира карта од денес до утре важи промоцијата за доплата од само 1 евро или 100ден за флекси
сега гледам го смениле малце датумот, и не ми одговара, не сум правел до сега поврат на средства како иде? исто има да се одбере пари да врата или да ги искористам за друг лет? читав нешто на темава за рефунд на парите требало до банка да се иде? а јас платив со виса картичка од странска банка...
Може да се доплати.. Се избира дека сака да го искористи кредитот што го има и автоматски тој се одзема од сумата, па продолжуваш со плаќање и на крај ти ја дава сумата минус кредитот @tripl6
Јас имав 1200 на сметка, пробав вчера да купам карта околу 3000 беше и сакав да си го искористам кредитот од сметката, 100 пати пробав и не сакаше, морав да си ја платам целата сума. Потоа вадев уште една карта од 900 денари, на таа ми ги прифати сретствата од сметката и не доплатив ништо. Дали случајност беше, не знам??? На Ryanair пак иако беше поскапа картата од ваучерот што го имав, ми ги прифати тие пари и остатокот си го доплатив.
Системот им е мизерија откако почна коронава, може поради тоа да е. Инаку не сум имала проблем во искористување на средства што ми се на сметка..барем досега. Обично од букинг ги собирам, па ми излегува по една карта барем годишно ..пред 2-3 години околу 150 евра собрав и сите си ги искористив
Кажаа дека можеш да резервираш карта за понатаму и дека може бесплатно да се смени датумот во двата правци. Што значи не би требало да е за овој период, туку понатаму.
И јас имам карта за следна недела, баш да почекаме да видиме до последен момент дали ке откажат или не.