И мене ми стигна истиот мејл претходниот пат затоа што летот ми беше за Братислава, но сепак го откажаа. Тоа се истите листови што ги даваат во авион за пополнување. Ние ги пополнувавме кога летавме од Братислава за Скопје. Ама сигурно им е полесно да го имаш спремно од дома, па затоа го праќаат пред летот.
Јас немам таков мејл добиено, сега проверив. Еве го прашалникот, го имаш како линк во известувањето. https://www.iata.org/en/programs/safety/health/locator-form/
@friendy го симнав, уште тој за паблик хелт да го најдам, а и не знам која е процедурата за тој формулар (паблик хелт).
Мислам дека е тој еден е и ги опфаќа и двете работи. Види најгоре лево на почеток што пишува. Еве ти го означив со црвено.
Визер“ ги откажува сите летови од и до Македонија до 30-ти мај https://www.libertas.mk/vizer-gi-otkazhuva-site-letovi-od-i-do-makedoniјa-do-30-ti-maј/
Некој држави бараат здравствен сертификат за влез во државата дали тоа значи дека треба да се прави тест за корона или ова е друг здравствен документ да го имаме како доказ?
Wizzair денес откажа лет за 17ти јуни, зар до тогаш не планираат да летаат??? Парите веднаш ми беа рефундирани. Ryanair пред 10тина дена ми откажа летови за 17ти и 30ти јуни... стварно не знам до кога ќе трае ова...
Рајан чинам 80% од летовите ќе ги започне на 1-ви јули, а доколку летот на Виз беше од Македонија тогаш да, нашите аеродроми ќе се отворат на крај на јуни, или бар така предлага Комисијата за заразни болести (Исто и во Грција).
Најверојатно да, само сеуште не се знае до кои држави. Но тоа не е тема на разговор тука во оваа тема.
Од Скопје ти е летот што е откажан на 17ти јуни? Јас имам карта за 14ти јуни, уште не ми пратиле мејл.
Јас мојата си ја пренасочив за на 12ти јуни, сега баш влегов не ми е откажан ама очигледно треба да мислам и на тоа ... леле не се нормални значи со ова што не отвараат аеродроми