Здраво, сакам да прашам дали со Wizzair прават проблеми на аеродромот ако земам нешто во ранец чоколади како за поклон нешто?
Многу пати имам носено чоколади и слично, за поклони и за себе. Неотворена, спакувана, сува храна никогаш не била проблем.
Беше сменет датумот на летање и ми даде опции да прифатам или да ми ги вратат средтсвата, одбрав дами ги вратат, за колку време ги покажува во баланс уште стои 0.
Нема проблем со храна во рачен багаж. За спакувана апсолутно никаков проблем, а и за не спакувана. Јас имам носено и сендвич од дома спремен, и овошје, на неколку пати со различни авиокомпании, никогаш не ми рекле ништо. Имаше и претходно пишано, на некои им ги враќаат одма, некои почекале, нема правила. Пак зависи од нивниот обем на работа и кога ќе стигнат. Ако летот е сменет/откажан од нивна страна ќе ти бидат ставени на Визаир профилот од кој си резервирала.
Женски, слушнав нешто дека кредитите може да ги користи само тој на чие име е акаунтот од каде што се купени, или доколку се повеќе карти, тој да биде еден од патниците. Колку е точна оваа информација? Дали сте нешто информирани?
Луѓе имам карта Скопје-Малпенса на 10ти Јуни, дали имате информации околу летовите кон Италија? На интернет пишува дека Италија ќе биде отворена за туристи после 3ти Јуни.
Само што ми ја откажаа картата Рим-Скопје ми даваат опција на 15ти јуни што и тоа не ми е сигурно. Италија е скоро отворена сега од почеток на јуни, но, од Македонија не знам како би се идело пошто нашиве абер немаат за отварање.
Здраво, закажав карта на 16ти јуни Франкфурт Хан-Скопје, дали има ви стигнато нешто за дали е откажано ? Со оглед дека ја следам цената на билетот расте од ден за ден. Овде во Германија ќе отвараат граници од 15ти јуни, а во Мк не со знае сеуште ништо немат кажано за границите.