Од кај ти е ова информација?? Јас нон стоп отварам на профилот на Виз да видам да не ми откажале, сега за сега нема такво нешто.
Аеродромите не верувам дека ќе се отворат на/после 15ти јуни, можеби кон крајот на месецов. Мислам, се надевам дека грешам, ама да бидеме реални дека за 3 дена од сега нема да се почне со летање од тука. Им треба време да се подготват, а нема сеуште никаква официјална потврда дека може да се започне со работа, барем од ова што читам по нет. А ни ние, немаме никакво известување сеуште кога би почнале, се надевам наскоро
Можеби не е за тука прашањето во еве ако имате некоја слична ситуација да ми одговорите. Јас сум во Германија веќе 6 месеци, требаше да си одам но заради ситуацијава неможев чекам да се отворат границите и во Македонија. Продолжував туристичка виза еднаш за 1 месец ми ја продолжија, и последно што продолжив е до 30.06, па ако не се отворат границите во Македонија незнам што да правам дали ќе треба да се продолжува пак или треба да си одам до 30ти јуни? Благодарам.
Знам дека нема да ти помогнам ама најточна информација ќе си добиеш во министерството/полиција во Германија. Јас можам да ти кажам за Чешка, министерство објави дека сите туристи и луѓе без визи кои беа затекнати на територијата на Чешка и не можат да си отидат, смеат да седат цел тој период на карантин и вонредна, со тоа што пред некој ден објавија дека мора да ја напуштат земјата најдоцна до 12ти или 14ти јули, не сум сигурна. Значи информација или министерство/полиција или некој што е како тебе таму и знае точно. Евентуално исконтактирај ја амбасадата на МК во Германија
Пак ќе поднесеш ако не се обезбедени услови за да можеш да се вратиш.. Моја блиска продолжи претходната недела.
Исто беа сите.. И јас тоа мислев ама имаа пуштено дали беа 120000 или 200000 седишта по 10 евра од/до Австрија само за тој ден.. не памтам баш колку седишта, не замерувај Да се едитирам..200.000 биле
Како да се постапи со картата што ми е извдена за на 16ти овај вторник? Од wizzair не пишува дека летот ќе биде откажан туку ми пратија порака за да ја чекирам.
Нели е ова добра идеја? Планираш да леташ по 1 месец? Купуваш карта сега за по 1-2 недели. Летот се откажува. Визер ти враќа 120% од парите на сметка. Парите ги користиш за летот по 1 месец.
Здравко сакам да прашам бидејќи дозволата за престој ми истекува на 30ти јуни јас сум во Германија, па видов дека е пуштен аеродромот и ако закажам карта на 2 јули за Скопје дали ќе ми прават проблем за 2 дена?
Треба да прашаш во Германско мин. Зза внатрешни работи, во македонија влагаш со македонски пасош нема да ти прават проблеми доколку германска полоција не им каже тоа да го направат. Поради ситуацијава верувам олабавени се роково о дати. Меѓутоа мој совет прашај.
Го продолжиле престојот до 30ти септември. Пред тоа до 30ти јуни го продолжија, сега уште 3 месеци. https://www.schengenvisainfo.com/ne...d-to-stay-seek-employment-until-september-30/ Најдобро прашај си