За откажан лет враќаат автоматски 120% како кредит, ако сакаш пари на сметка тогаш треба да им пишиш 100% од сумата ќе вратат. А ако имало лет, а те имаат одбиено при влез тогаш треба документ да им пратиш за denied boarding па да вратат
Дали е 100% сигурна информацијата дека сите летови на wizz од и до Мк се суспендирани до 13 Јули со оглед на тоа што се уште има можност од 1ви да се купи карта?
Беше откажан летот, тогаш баш почна ова со коронава и немаше летови ги откажаа. Имаше опција или 120% да ти вратат како што рече ти или да избереш 100% во пари да ти вратат. Ние избравме за во пари да вратат, и го имаше како кредити кога гледав, но уште не ги пуштија на сметка, а веќе не ги ни покажува како кредити, поминаа 2 месеци откако ги имаше како кредити. Не знам што е проблемот дали уште е рано.
What he said , со оглед на тоа дека веќе имаме распоред со летови од 1ви ама ќе видиме, се случувало да сменат ден претходно
Една поправка... Германската полиција не може да им каже на македонската да ти направат проблеми .. Можат само да бараат да те уапсат ако си баран со потерница.. Ти во МК си влегуваш како државјанин во сопствената земја. Ако германците сакаат да те казнат, ќе те казнат на излез од државата - на аеродром, а не кога ќе слеташ во МК да бараат македонските власти да те казнуваат.
60 дена и не е многу со оглед дека е хаос таму (како и секаде). А и приливи на средства изгледа слабо имаат. Да ги контактираш некако да прашаш, фејбук, твитер. мејлови немаат оставено, за complaint да оставиш мора на англискиот сајт да одиш.
Дали ќе има летови од Wizzair сега од 1 јули од Германија за Македонија? Би требало да летаат може и карта да се извади.
Имам дозволата за престој до 30ти јуни, но проблемот е ако закажам карта на 2 јули да не ми прават проблем за 2 дена.Но немам можност со што да си одам освен со авион што да правам...
Па праша бе душо веќе еднаш ти одговоривме. А плус Германија и ги продолжила дозволите за престој до 30ти септември.
Што се случува сега што се повлечени летовите на wizz air после 18ти јули од Македонија и Србија?? Вчера можеше да се резервира, денес не...
Како бе, мене ми дава дека има лет за Милано од 1 јули... Додуша не пробав да резервирам, сакав да прашам тука за тест дали знаете кои држави бараат... Пошто избегавам вести да читам.