Еве да споделам за летањето денес, пристигнав во Шведска, очекував повеќе малтретирање, но се помина во ред... Авионот беше повеќе од пола празен, немаше гужви... Сепак да спомнам дека јас сум со шведски документи за престој, и задолжително бараат да приложиш таков документ инаку туристички не пуштаат. За разлика од Македонија, во Шведска не поминавме ни на термална камера ни на дезинфекција ни маски задолжителни... Единствено строго се почитува држењето растојание.
А што се случува со оние што имаат карти а се со македонски пасош,слушнав дека ги враќаат на аеродром.Па ме интересира дали ќе бидат вратени парите за карта или најдобра опција да го откажам летот претходно.Знам дека зимаат 60 евра од лице за откажување,па барем дел да ми вратат.
Видов дека им правеа проблем на тие со мк пасоши, но како завршуваше тоа искрено не знам. Веројатно поисплатливо е пред време да го откажеш летот, бидејќи авиокомпанијата враќа целосно пари само за лет кој е откажан, а во случајов летот ќе се реализира но одредени патници имаат т.н. забрана за патување...
Совет за сите што резервирате летови периодов - додадете си Wizz Flex на резервацијата, не е преголема сума, а спасува од нервози. Можете да го промените летот (дестинација или термин) до 3 часа пред закажаното полетување, или сосема да го откажете а парите да ви останат на Wizz сметка и накнадно да ги искористите за други резервации.
Дали знаете карта купена со вклучена flex опција (wizz plus & flex), дали ако ја презакажам еднаш ќе остане flex опцијата да може повторно да се презакаже или откаже бесплатно? Исто ме интересира и за дополнително купената flex опција дали само еднаш е валидна?
@Estranged дали тоа може да се докупи отпосле купените билети? Повратни? Сега прочитав на сајтот може само за нова резервација, не за веќе направена. Останува да си чекам до септември, ако има промени ќе летаме ако не, 2 недели пред, откажување на лет и плаќање на такса од 3600(толку мислам беше). Ако има друга опција за веќе купени билети , пишете. Исто , видов погоре дека парите касно ги враќаат. Ова важи за целосната сума за откажани летови од компанијата или и оние за откажан лет на своја иницијатива као во мојов случај со плаќање на такса?
Логично мислам дека не може, затоа што така никој не би купувал при купување на билет, само подоцна по потреба. Мислам дека само со такса за откажување ќе можеш. Инаку да, се рефундира целата сума минус таксата за откажување, и доколку е резервирано со wizz discount club членство минус попустот добиен од тоа.
Да , да нема друга опција. Ќе чекам до разумна дата , крај на август и ако се среди, ќе одиме, ако не, откажувам на време.
Останува. Барем лани остана. Кога се враќав од израел сменив неколку датуми.. Се доплаќа само разликата во цена на картата..(ако новата е повисока)
Да, Edelweiss лета секој ден мислам ако нема некој проблем и ќе почне еднаш неделно да лета со Ербас А340, голем авион. Chair Airlines лета, ама нешто поретко од стандард закажаното.
„Визер“ најави дека како резултат на рестрикциите за патување од страна на италијанските власти наменети за летовите до Македонија, авиокомпанијата ги суспендира сите летови помеѓу Италија и нашата земја до 31 јули. Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. Од компанијата соопштија дека 120% од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz-сметката на корисникот и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air. Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100% поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети.
Виз Ер ги суспендираше летовите од Скопје до: - Рим (се очекува повторно воспоставување во првата половина на август); - Венеција (се очекува повторно воспоставување во првата половина на август); - Еиндховен (се очекува повторно воспоставување во првата половина на август); - Нирнберг (се очекува повторно воспоставување на 18.08, а се суспендира од 25.07); - Малта (се очекува повторно воспоставување на 04.08 ); - Милано (се очекува повторно воспоставување на 05.08 ); - Салцбург (се очекува повторно воспоставување на 17.08 ); - Хановер (се очекува повторно воспоставување на 17.08 ); - Ларнака (се очекува повторно воспоставување на 19.08 ); - Бремен (се очекува повторно воспоставување на 19.08 ); - Будимпешта (се очекува повторно воспоставување на 19.08 ); - Братислава (се очекува повторно воспоставување на 20.08 ); и - Барселона (се очекува повторно воспоставување на 20.08 ). И од Охрид до: - Меминген (се очекува повторно воспоставување на 07.08 ); - Базел (се очекува повторно воспоставување на 19.08 ); - Малме (се очекува повторно воспоставување на 03.08 ); и - Милано (се очекува повторно воспоставување на 19.08 ).
Здраво,би сакала да прашам ако некој знае да ми одговори. Дали смеам во рачниот багаж од 10кг,во куферот, да носам епилатор,Philips Lumea. Фала.
За резервиран и откажан лет од страна на Виз беа вратени парите во форма на кредит само за појдовниот лет од Скопје,но не за повратниот ,а пишуваше дек а вракаат 120% на виз сметка. На кој мејл им пишувате ?