Незнам кај да го поставам прашањето па ај овде. Летал ли некој со Lufthansa да ми каже дали мора картата да е печатена или може и на телефон само? Има ли некој посебен протокол во пандемијава. Се работи за лет од Атина до Минхен и обратно.
Од еу влегуваш во Шенген зона, немаш тест, ама имаш протокол да носиш маска и/или визир и да почитуваш мерки. Мислам маската е позадолжителна од визирот.
Дечки, купувам карта за друго лице што сака да лета итно за назад, а нема можност да ја испечати. Чаре? Да не правам чек-ин онлајн, ќе може ли на аеродром да се чекира само со пасош а без да покаже карта? Која е процедурата?
Иии мислев дека не е дозволено цела штека во ранец горе, супер ко така, имаш ли носено лично повеќе пати?
Па ги купуваат горе во фри шоп и ги ставаат во рачен, изгледа тоа е причината поради која ги фрлаат купени од надвор. Инаку,другарка носеше во рачен и ништо не и рекоа. Веројатно е до среќата.
Aко не си сигурна земи пола од една штека и распоредија. Јас патував со неа, на скенер пред мене помина ништо не и рекоа,а башка и вода имаше. Ама она не вадеше ништо од ташната.
Имам носено и по една штека, распределени низ цел ранец и плус ако носиш ташна за телефон пасош пикни и таму 2-3кутии, за Малта летав 2пати така ништо проблем не ми направија.
Се мислев дали да ви го пишам искуствово. Кога летав од Малта за Бугарија имав ептен непријатно искуство со стјуардесите на boarding pass излезот. Ме измалтретираа, стресираа и уште како криминалец ме направија. На пасошка поминав без проблем, ништо не ми кажаа, они ми се запнаа. Инаку мојот пасош беше со рок до крај на месецов, и таа не сакаше да ме пушти на излез да се качам во авион. Упорно ме убедуваше дека и истечен и најдобро да си најдам начин да си одам од Малта директно, дури и ми рече сум требала да ја напуштам Малта пред три месеци. И реков дека да сме во нормално време нема да чекам до крај, ќе си одев и ја прашав во оваа ситуација како би можела јас да ја напуштам Малта? Додека го најдам мејлот од имиграционо она си ги викна колегите, кога се собраа 5 жени ниту една не носеше маска. Едната ми викаше што бараш во Бугарија? Другата ми вика не може да идеш иди си директно. Е веќе ми беше преку глава, реков многу сте убави ама маска не носите од што сте убави. Не сум прекршила ниту еден закон, на пасошка поминав, ти ми правиш проблем. Идам транзит, толку. Не знам, се јавија некаде имиграционо мислам и ме пуштија, авионот каснеше 5 минути и многу ми беше непријатно кога влегов. Сите те гледаат, се осетив засрамено. После прочитав некаде дека и на други им правеле проблем. Сами си вовеле ставка во privacy policy дека треба пасошот да е со три месеци важност. Во меѓувреме имам една пријателка што работи на аеродром во Скопје, баш и кажував и така ги прашала нив и тие и кажале дека тоа не треба да биде особен проблем ниту толку голем бидејќи идам транзит, дека не смеат да постапат така,ниту пак се тие надлежни за проверки на пасоши туку се надлежни за проверка на името и презимето на картата да се исти. И што е најинтересно ја советувале дека можам слободно да поднесам жалба но да ги наведам денот и месецот на случката.
Може на смартфон прикажување на бординг картата - само се прикажува екранот на контролорите на пристап кон лентите за безбедносен пристап а на капијата само коцкестиот бар код се скенира и се отвораат вратите.
Ај ако може помош оти прв пат летам со авион и сеа вака: Имам купено од Wizzair повратна авионска карта Скопје Париз ама проблемот е тоа што авионот ќе слета на BEAUVAIS, да сакам да стигнам до центарот на Париз ќе ми треба да патувам скоро 1 час со автобус. Ако бил некој за Париз може да ми даде упатство како да одам дали е поевтино со такси, автобус, директно што ќе ме носи за Париз, некој ефтин хотел кај што може да се изнајми евтина соба. За 1 недела престој ми е.