Три пати имам слетано на Beauvais и секогаш до Париз сум идела со автобус и 17€ е карта,со такси ако идеш сигурно многу повише ќе ти земе зошто мене само од автобуска до хотел ми зима по 15€ а не се возам ни 10минути.Од хотел зависи што бараш.Јас идам во Hotel Zora само за преспивање е,нема јадење,чист е и добар можеш да го разгледаш на Booking.Се е блиску до хотелот,секаде можеш да отидеш пешки.И газдите се македонци
Дали има на секој час автобус или треба да се чека, пред да се вратиш во Скопје колку часа однапред треба да бидеш на аеродромот во Beauvais, дали може на аеродром да се внесува мали магнети за фриждер, проверив на Booking за Zora ми покажа дека нема слободно место од 6 март до 13 март 2021 година, некој друг хотел така поефтин со една соба да биде пошто сакам приватност да имам, не сакам у една соба по 10 души внатре да има. Ако може така подетално да ми кажеш оти стварно не знам и да не се изгубам некаде за тоа, кој број на автобус треба да се фати, дали се збори на англиски. Ако можеш да ми кажеш подетално. Фала
Не знам дали е на секој час,секогаш кога сум пристигнувала на аеродром имало автобус.Нема бројка,тој еден автобус иде до Париз нема да згрешиш.Не знам како се викаше автобуската но потоа за назад пак на истото место кај што ќе те остави си чекаш автобус за назад.Може да се внесува магнети.Јас искачав околу 5 саати пред лет,може е многу но подобро порано да бидам таму отколу да пропуштам лет.Патот од Париз до аеродром е околу 1час и 45мин.Англиски се збори,има некои што не знаат,си го негуваат францускиот.Не знам за поефтин хотел.Ако сакаш да ти дадам број од вработен во хотел зора да го прашаш за сместување за таму или да ти предложи во некој друг,сигуно знае повеќе од мене.Нема да се изгубиш чим јас се снајдов а би се изгубила во скопјево Не знам што сакаш подетално,на прошетка ли идеш?
Знам дека нема да се изгубам, сакам да одам да се прошетам една недела да видам како е, Лувр да го видам и Мона Лиза и јас да патувам некадр Повеќе ми е за одмор затоа ми е, а не сум бил до сега а и не знам како е секако дека треба да отидеш неколку часа порано на аеродром
Сакам да купам карта за Скопје, за во декември. Знам дека ништо не може да се предвиди сега, но се мислам дали да ја земам со флекс опција или не. Било каков совет би ми бил од помош. И бидејќи не пратам многу, дали треба карантин сега моментално? Или само негативен тест би било доволно? Какви се правилата? Благодарам.
За македонски државјани моментално се влегува без никакви рестрикции, не треба ни тест ни карантин. За флекс, ако ти е картата поскапа доплати си, ако е од најевтините не се исплати флексот.
За влез во Македонија? Исто како и претходно, нема никакви мерки Спојлер: Исклучок Освен за Србија, Косово и БиХ мислам, за нив е потребен негативен ПЦР тест.
@Ahoy @Estranged Ви благодарам многу! Да за влез во МК. Најверојатно со флекс ќе ја земам бидејќи не се многу евтини картите.
Дали wizz air уште враќаат 120% ако они го откажат летот и тие средства можат повторно да се искористат во рок од 24 месеци? Затоа што кога пробав да купам карта како последна опција ми даде да доплатам за осигурување за ако картата се откаже да ми бидат вратени средствата, па дали им е променета политиката?
Wizz air веќе не дозволуваат без седиште да се пријавиш така што автоматски они ќе ти доделат? Летот е утре и не ми дозволува да ги чекирам картите.
Можеш да се пријавиш без седиште, освен ако имаат некој технички проблем. На кој дел заглавува чекинот?
Од кога се откажуваат летовите до Стокхолм Скавста и од таму до Скопје? Слушнав од 1ви ноември до март.