Ми стигна денес нотификција од картичк дека ми има наплтено нешто на визаир 10 фунти, а јас поим немам за што, не ни пишува уствари, не сум притиснала ништо што се наплаќа, немам ни букинг, не ми е јасно што е поентата...како да дознаам за што ми е наплатено?
Не е, нема шанси треба секока наплата јас да ја одобрам со код преку картичката. Кликнав знам пред некој ден за алерт за намалени цени, може тоа се наплаќа м?
Од Виз секоаш праќаат фактура кога ќе се реализира плаќањето, таму го пишува и бројот на трансакција, најдобро ќе ти е да си провериш така.
Неам никаква фактура, затоа и ми е чудно, не се многу пари ама сакам да знам зошто се земени, направив комплејн па ке видам.
Ми треба информација се работи за лет од Софија до Малта WIZZ Priority карта е сега дали куферчето што следува оди долу или останува горе? Има можност да се пушти долу??
Куферчето е кабински багаж, значи по правило оди горе, ама ако побараш да ти го пуштат долу со чекираниот багаж не прават проблем, бар мене не ми правеле никогаш.
Дали некој знае од Македонија ако се патува во држава од еу треба документ некој со адреса и слично и дали може да се дојде на гости. жена кај мажот може ама ме интересира за друг роднина дали смее?
Нас конкретно ни бараа ако немаш резервација во хотел каде ќе престојуваш да речиме работна дозвола кај тој што одиш моментално во овие услови би ти препорачала плус да ти направат гарантно писмо кај тие што одиш најбрзо и најлесно ќе си поминиш - плус мислам дека знаеш за тие денови од престој МОЖИ да ти побараат да покажиш пари....
Значи мајками и сестрами за да дојдат кај мене јас треба само гарантно писмо да и пратам со адреса и слободно може да дојдат нема да и прават никскви проблеми на аеродром ради коронава?
Зависи во која земја. Таа збори стриктно за Малта. Моите кога беа пред два месеци имаа моја лична карта и гарантно писмо. При пристигнување во Малта на пасошка контрола ми се јавија да потврдам дека ми се родители и дека ги очекувам. Ги пуштија, со препорака да се јават да прашаат за карантин ама такво нешто среќа немаше.
Зависи во која држава си. Во Шведска не ги признаваат гарантните писма веќе, освен ако нема здравствена причина за посетата и бараат лекарско уверение. Распрашај се убаво дали е дозволено и што ти е потребно за да те посетат, сега ако и не грешам постегнати се мерките во повеќето држави.
Да си прашаш секако ова го кажувам за искуство во Малта.А пријателка пред короната одеше во Германија кај дечко и исто и беше побарано адреса повратна карта гарантно писмо и пари да покажи-немаше пари па ја вратија назад.....
Јас пак бев со другарки зс Германија исто пред короната, ни гарантно писмо, ни пари ми бараа, прашаа само зошто одиме, кажавме на прошетка, каде ќе седите, кај другарка и толку беше.