Фала ви. Бугарскиот ми важи, а и тука во Германија, јас сум пријавена со тој пасош, па си помислив дали е можно да ги купам картите со бугарскиот пасош, а во Мк ако ме праша некој да кажам дека доаѓам за обнова на пасош.
При чек ин на картата, кога ги бирав датите на раѓање и на пасошот (издаден и истекува), сиетемот ми даваше погрешни дати, еден ден понапред, јас бирав пример 15, тоа ми ставаше 14. И кога одев на следниот чекор да потврдам стоеше грешната дата 14. Ги сменив датите за еден ден повеќе, за на финалниот чекор каде што потврдувам ми се појави точната. Така и се случи, ја потврдив 15, но на картата излезе 16. На картите стои само датата на истекување на пасошот, и е еден ден повеќе од што треба. Сите други податоци на картата се точни. Што да правам? Дали да оставам како што е, можеби нема да приметат, а ако видат секако ќе им објаснам? Имам во телефон и слика дека потврдував со точната дата. Ве молам за брз совет.
Мислам дека нема да ти прават проблем, не гледаат до толку. Повеќе проблем може да излезе за тежина на куфер отколку за тие податоци. Пиши како ќе поминеш ако не ти е тешко?!
Ти благодарам! И доколку видат ќе им објаснам, се надевам ќе имаат разбирање. Ќе пишам како сум поминала.
Летам со wizz air наредната недела , се селам во странство и дома пошто сум медицински работник имам останато антибиотици , неотворени шприцеви и игли неколку . Прашањето ми е , дали смеам во долниот багаж да носам некој антибиотик , шприц некоја игла ..?
Не можам да се сетам дали во багажот што иде долу може да се носи неограничена количина на течности? @Dust И дали може да се пуштат два куфера доле еден чекиран од 20 кг и еден од 10 кг ?
Да и да.. Имам пренесено 20 млека за тело, бог знае колку парфеми (нарачки), 3 шишиња пијалок замотани во џемпери... во 1 куфер И никаде немам прочитано за максимум течност во чекиран
Последно кога проверував при онлајн резервирање не можеше да избереш различна големина на куфери за чекиран багаж (Јас сакав еден од 20 и еден од 32). Ама ако не ти треба плус кабинското куферче што иде со приорити горе, можеш него да го пуштиш во чекиран багаж и плус еден чекиран од 20кг.
Можеш бубаче се доле да пуштиш, јас сега скоро бев и не правеа никаков проблем. Само ако носиш нешто со тебе горе има ограничување за течност инаку доле што сакаш и колку сакаш можеш.
Zdravo cekirav karta za mene i moeto bebe(8 meseci)so bagas od 32kg i 20kg, procitav na stranata na wizzer deka moze i kolicka za bebe da se nosi, koja sto e besplatna, dali nekoj e zapoznaen so ovaa??
Дали некој уплакал преку банка да ми каже колку чинат тие дополнителни трошоци поврзани со плакањето. Избрав опција за да ги платам преку странска картичка во евра и ми ги прерачуна 317 евра, а во македонски денар 17 500ден. Има многу разлика, затоа прашувам дали дополнителните трошоци за плакање преку банка би ме чинеле скоро исто (317 евра-19 583ден.)
Нормално е 100 евра за избор на седиште, за тројца, во двата правци? Зарем овие отпосле што се молат да се преместат еден до друг штедат 100 евра?