За други измени како име, презиме и слично пишува може до три часа пред летот да се сменат. Да се јавиш во кал центарот. Ама кога внесуваш дали е дете до 2 години или 2-14 бара и датум на раѓање да се внесе, значи тој некојот внел погрешна година на раѓање и покрај погрешна возраст на детето?
Da, namesto dete od 2 do 14 godini , toj sto ja vadil kartata napravil za vozrasen covek. Se javiv vo kal centarot, mi pomognaa
Здраво. Купивме карти преку Виз, за месец дена од сега, ама за жал ќе мора да ги откажеме. Дали некој има искуство до откажување на карти?
Ако имате доплатено за флекс, без проблем може да ги откажете летовите и средствата ќе легнат на wizz-сметка на акаунтот од кој е направена резервацијата, па после може да ги искористите во рок од 90 дена за да букирате нови летови до било каде. Ако немате доплатено за флекс, за откажување се плаќа 60 евра по човек, по лет (значи 60 евра по човек ако се за еден правец, 120 евра по човек, ако се повратни). Значи ако летовите се поевтини од тоа, повеќе ви се исплати едноставно да не се појавите на летот, отколку да откажувате.
Пријатели ме замолија да им купам карти од Виз Ер. Едното дете во декември ќе полни 15 години, а јас не можам никако да ја вметнам годината на раѓање. Дава само од 2007 па наваму, 2006 не. Ама па не сите деца родени во 2006 напуниле 15 години. Или да го вметнам како возрасен човек?
На кој број можам да ги исконтактирам за да прашам со каков тест да патувам Германија, дали мора пцр или и со брз антиген се поминува? Фала однапред.
Здраво. Ќе патувам во Германија , како треба за багаж резервирав повратна со 10кг багаж. Што смеам да носам во куферот? И за тест брз антигенски 100% сигурно е на аеродром дека тестираат?
Зависи каков багаж имаш резервирано. Имаш пријавено торба од 10кг или имаш виз приорити (торба/мал куфер до 10кг за во кабината на авионот). Ако е за во кабината на авинот можеш да носиш се освен течности не повеке од 100мл и храна не. Ако имаш пријавена торба/куфер до 10кг тогаш можеш повеке течности/храна/предмети да носиш, никој не ти проверува таму. За тест на аеродром 100% тестираат, вчера баш патуваше моја пријателка, немало гужва воопшто и резултатите ги добила за 15 мин.
Резервиран е куфер до 10кг, а смеам да носам чанта со себе? Куферот иде на друго место знам дека не е со мене , и ме фаќа страв да не направат проблем некаков, од дома ќе го измерам и дали мора на куферот да има мое име презиме нешто, или ти даваат идентификациски привезок во аеродромот?
@christinnn @lilly57 мајка ми и сестра ми сабајлево отидоа за Германија со брз антигенски, направен на аеродром и го платиа 1500 денара. @FreeToGo во Малта моментално има двонеделен карантин. Мој другар си дојде и кога отиде пак мораше да седе карантин. @lilly57 сестра ми без проблем си носеше и мала ташничка за пасош, новчаник. И можеш сама да си ставиш некој приврзок ние така направивме.
Ако е чекиран куферот, го оставаш при пријавување и на крај сама си го земаш од кружна лента. Ако е некоја уникатна боја или дезен, ќе го препознаеш лесно, ама за секој случај јас оставам име презиме и тел. број, за ако дојде до било каква забуна да може да ме најдат (никогаш досега не се случило нипто такво). Ако немаш виз приорити, горе смееш да носиш само чанта, ранец, или торба за лаптоп (само едно парче).
Секој патник смее да носи една торба со димензии 40×30×20 бесплатно, треба да ја нодиш со тебе и да ја ставиш под седиштето што ке седиш. А за куферот што го имаш чекирано кога ке го оставиш при чек ин ке ти стават налепница на него, но по твоја желба можеш да си го потпишеш/бележиш за секој случај.
Можеш, доколку седиш 14 дена во Европа па од таму да леташ за Малта. Те молам немој да шириш дезинформации за Малта, двонеделен карантин има само затоа што не сте седеле 14 дена во Европа и не сте вакцинирани( Сертификат издаден од властите на Малта), доколку сте вакцинирани и поседувате валидна малтешка лична карта тогаш карантин нема.
Значи туристи што не се вакцинирани треба да седат карантин. Другар ми не беше вакциниран а малтешка лична карта има бидејќи веќе 3 години седи и работи таму.
Значи немој да шириш дезинформации за кои не знаеш. Другар ти добил карантин,но тој не е турист. Ги знам сите работи околу тоа.