Дечки please help, наредна недела летам со Wizzair oд Германија за Македонија? Дали треба негативен тест да се приложи за влез во авион, знам дека за влез во Македонија не треба, ама сепак незнам за аеродром? Фала многу
Од никаде не ми дава, пробував и Франкфурт и други аеродроми и не ми дава опција кон Скопје. А обратно од Скопје ми дава само кон Барселона и Минхен мислам дека беше. Значи кај мене е проблемот, ќе пробам од ново да ја инсталирам апликацијата.
Дали некој може да ми помогне, купив карти за Минхен преку Wizzair. Платено се, резервирано, пополнети податоци, седишта, мислам се. Ми дава опција да ги испечатам картите ама горе стои дека се неважечки. Зошто е тоа така, што сум утнала?
На апликацијата постои опција за онлајн пријавување, но на аеродромот во Мк сеуште не функционира тоа,затоа картите ти се не важечки. Кога ке одиш на аеродромот во Скопје, прво ке одиш на шалтерот за пријавување, со прикажување на пасошот и таму ке ти ги дадат картите.
Ххххх, македонска работа. При резервација активирав автоматско пријавување 100ден по особа, дали тоа функционира? Пишуваше дека ке бидам пријавена 49 саати пред летот. Пријавувањето на шалтер се наплаќа допунски, и најверојатно затоа не функционира електронско пријавување.
И да избереш автоматско пријавување(платено) нема да бидеш пријавен,така е на аеродромот во Скопје. Инаку на шалтер на аеродром не ти наплаќаат ништо за пријавувањето.
Здраво. Ке патувам од Хановер до Скопје, е сега избрав седиште, се пријавив онлајн. Картата ја имам на апликацијата,багаж немам за пријавување, освен мало ранче кое што е бесплатно со картата. Прашањето ми е дали и покрај тоа што се пријавив онлајн треба пак да одам на шалтерот за пријавување/чек ин, или да одам дирекно на пасошна контрола?
Плативме онлине карта и ни дадоа шифра но никаде не бара подароци како што е број од пасош. Што понатаму?