Имам wizz flex Дали може да го сторнирам летот? Ако износот платен за патникот чијашто резервација е откажана е понизок од таксите поврзани со откажувањето (такса за Wizz Flex, враќање на погодностите на WIZZ Discount Club), разликата меѓу вкупната цена на превоз и таксите поврзани со откажувањето на резервацијата треба да ја плати патникот. ^^^Ќе треба да доплатам нешто или бесплатно ќе може да го откажам летот? Ме буни напишаново…
Летот е на 16 септември. Се е платено а кога одам на карта вели дека картата е неважечка. Дали е тоа нормално?
Здраво на сите. Резервирав повратна карта со куфер од 20 кг на мое име, меѓутоа сакам да го откажам куферот од мојата карта и да го додадам на картата на друга личност т.е. јас да патувам без пријавен куфер а другиот со пријавен куфер. Дали некој знае како можам да ги преправам картите после плаќањето? Ви благодарам.
Истово прашање го имаат поставено на фб, ако не си ти, одговорите се дека тоа е нормално, дека одиш со пасош на шалтер пред летот и тогаш ќе ти дадат карта, дека така се случувало кога леташ од Мк од Скопје.
А сакате заедно да летате, исти лет? Тогаш нема потреба нели. Јави се телефонски и прашај дали можеш да го откажеш куферот ама колку што знам не можеш и не постои таква опција куфер да се префрли од една на друга карта.
НОВИ РУТИ НА ВИЗ ЕР ОД МАКЕДОНИЈА! Од Скопје до: Билунд, Данска од 19.12.2021; Болоња, Италија од 19.12.2021; и Торино, Италија од 18.12.2021. Од Охрид до Фридрихшафен во Германија почнувајќи од 18.12.2021.
Дали некој од вас знае како можам парите што ги имам на wizz account да ги префрлам на моја сметка. Ми важат до Мај (зашто тогаш завршуваат 2 години од моментот кога ги откажаа летовите, па ми ги префрлија на мојата wizz air сметка). Еднаш пробав да ги вратам, меѓутоа ми бараше некој код од e- mailot што ми го пратиле, а јас таков код немам, т. е. изгледа го имам ибришано mailot. Ви благодарам.
Нема да летам со Wizz, туку со Croatia airlines, ама да прашам бидејќи не ми креваат во ТАВ. Ако резервирам сега за средина на септември и во меѓувреме се сменат ковид мерките(да не може да се патува во таа земја и сл.), што со картата?
Ти пропаѓа картата, освен ако компанијата не престане да лета. Во тој случај ти се рефундираат средствата или ти седат за следна резервација.
Здраво, наскоро ќе патувам со Wizzair, имам карта со Prority. Имам чекиран багаж од 32кг и рачен багаж од 10 кг. Дали може рачниот багаж да се пушти долу заедно со чекираниот багаж?
Да, те прашуваат дали сакаш да е со тебе или да го пуштиш доле. Барем мене ме имаат прашано неколку пати.
Здраво девојки, имам купено 2 карти со Wizz Discount Club, но принудена сум да го откажам летот, дали може некоја да ми објасни дали нешто се плаќа за откажување и дали може да се вратат парите на accountot на Wizz. Или пак повеќе ми се исплати да не се појавам? Во тој случај ми пропаѓа картата, претпоставувам не се доплаќа ништо?
Зависи колку скапи се картите. Види колкава е таксата за откажување и пресметај си дали ти се исплати. Ако си начекала евтини карти, може таксата да е поскапа и од самите карти, па во тој случај подобро само да не се појавиш на летот.
Сакам да прашам за багажот при пакетот Wizz Go. Освен нели бесплатната рачна торба, е вклучено куфер од 10kg и пријавена торба од 20kg. Дали тоа значи дека откако ќе го купиш пакетот Wizz Go ти следува и багаж од 10kg и од 20kg? Или треба вториот дополнително да се пријави?