Ако е мк во ризична зона , треба да се пријавиш на einreiseanmeldung.de и да внесиш адреса на престојување ( тоа мора да го имаш ) иначе за влез како турист зависи од моменталната состојба на нашата држава и Германија кои правила ги има во моментот. Може и да не ти дозволат влез , крај на Фебруар следи ги одлуките и најдобро ќе знајш. До тогаш може се да се смене.
Поради КОВИД, затворања и слично, па нема доволно патници кои би патувале. Повеќето линии се враќаат кон крајот на февруари и март, барем како што е планирано.
Летовите се откажани, не постојат. Да беа продадени целосно би пишувало sold out, но распоредот би стоел
Дали ако престојуваш неколку дена во држава која не е во шенген зона (Турција), ќе можеш да престојуваш 90 дена во Германија (шенген зона)? Се работи за случај недела дена престој Турција во март/април, а Германија во лето 1 јули до 30 септември.
Штом Турција не е членка на ЕУ, важат закони различни од оние на ЕУ. Тие 90 дена се само за престој во ЕУ земјите + ЕЕА (Швајцарија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн).
Здраво дали знаеш дали може да се пријавам на една адреса но да престојувам на друга(бидејќи таму каде што ќе престојувам немаат ofental сега брзо се појдени 2 месеци скоро)?
Незнам да ти кажам , нова сум во овие работи. Ама ја мислам дека е ризик , и јас лично не би постапила така. Затоа што доколку те провере полиција ( а знае да дојде дома ) и не те најде на таа адреса може да ти екнат казна. Распрашај се подобро пред да заминеш , или пиши во темата Мајки Македонки во Германија ќе ти дадат поточно инфо . https://forum.femina.mk/threads/Мајки-Македонки-во-Германија.30047/page-224#post-5993669
Дали некој има информации дали Визер ќе ги вратат летовите до Барселона? Воопшто не ја дава веќе Барселона како дестинација од Скопје.
Нема да ти дозволат освен ако немаш купено priority. Со обична карта те следува само едно парче рачен багаж во димензии 40 x 30 x 20 цм, ако имаш повеќе торби на број, ќе мораш да си ја доплатиш другата. Подобро купи си priority онлајн за да можеш да земеш две парчиња рачен багаж бидејќи ако ти речат на шалтер да си го доплатиш второто парче, ќе ти излезе доста поскапо.
Сега засега летовите за Барселона се откажани. Мислам дека е тоа поради пандемијава, а не дека нема веќе да има летови од Скопје за Барселона. Инаку јас сакам да прашам дали може да се носат шминки во рачен багаж и до колку мл смее да се носи парфем?
Можеш најмногу да носиш 100 мл по шишенце и сите останати течности да бидат спакувани во проѕирна зиплок ќеса.