Ги резервирав картите но никаде не ми испадна за броевите на пасошот да ги пишам. Каде да го најдам тоа?
Би требало да можеш со маестро. Инаку ќе избереш две карти и после тоа во „додади услуги“ само кај едниот патник ќе избереш checked-in baggage односно куфер, а кај другата ќе кликнеш без багаж.
Здраво. Сакам да прашам дали до сега во пријавениот багаж сте носеле алкохол? И ако да, колку? Ви благодарам
Тоа се пишува кога се прави “check in”. Доколку си ја купила картата порано, тогаш зависи од авиокомпанијата во кое време ќе дозволи. Некои даваат еден месец, некои 3 дена, некои 24 ч. пред лет, а некои не дозволуваат онлајн, па мораш таму да се чекираш. @Summmerr..2014 Две вински шишиња имам носено во чекиран багаж. Од аеродромот непосредно пред полетување ако купиш тогаш можеш и во рачен багаж. Која политика? Најмалку ради безбедност.
Прв пат ќе менувам лет. Ме интересира зошто ми бара повторно да платам кажи-речи уште еден цел износ. Нели го одбива претходниот платен износ и само да се доплати таксата за промена на лет? @Dust Тебе те тагнувам зошто имаш инфо, но може секој да одговори. @buba4e89 @Tinkerbell11
На сликава не гледам каде ти бара да платиш? Иначе ако менуваш лет, освен таксата за промена ја плаќаш и разликата во цена ако новиот билет има повисока цена
Се јавив и ми рекоа дека ако е поскап новиот лет се доплаќа плус. Кај мене бара уште толку колку што платив за првиот. Инаку сликата е за Тинкербел.
Некогаш повеќе се исплаќа повеќе нов билет да си купиш отколку да плаќаш такса за промена на датум.. Освен ако не е од оние картите по 200 евра во правец