Zosto e problem? Prv pat ke patuvam I jas pa me interesira Dali e problem cokolada bombonjeri da nosam dole vo cekiraniot kufer?
Здраво, сакам да прашам дали мора за во кабината на авионот да биде куфер со тркалца или може и обична торба да се носи?
Битно да не надминува 40х30х20. Можеш и ранец да носиш. Ако имаш торба со тркалца 40х30х20, те молам пиши ми од каде си ја купила
Во наредниве месеци се очекува експанзија на Виз Ер на македонскиот пазар. Авиокомпанијата планира да ги искористи субвенциите за летови од Влада за којшто тендерот се очекува да биде објавен во мај или јуни и да врати некои од претходно прекинатите авионски линии од Скопје и Охрид, но и да додаде нови, до сега не оперирани линии, меѓу споменатите од Скопје се Љубљана или Марибор, Прага и дестинација на Хрватскиот брег (веројатно Сплит), плус нови дестинации и од Охрид. https://www.exyuaviation.com/2022/04/wizz-air-eyes-wide-ranging-ex-yu.html?m=1
Дали е дозволено в рнец да качиме бикчиња, и 2 мини сензор сијалички? кај да видам што смееме горе в ранец со нас да земиме?
Тука има детално што смее и што не смее и баш имав прочитано дека брич смее во куфер, ама во ранец што ќе ти е у авионот не смее, бидејќи може да се искористи како оружје
Здраво, јас сум нова на форумот и прв пат ќе патувам со авион. Сакам да прашам, имав резервирано карта од Скопје до Шведска. И ја чекирав картата и платив ауто чек ин, ама не ми стигна boarding pass на емаил. Имам само boarding card и тоа ми вели дека не е валиден. Дали се нашол некој во ваква ситуација? Исто така, дали бараат пцр тест на нашиот аеродром за патување во Шведка кога таму се укинати сите мерки? Ви благодарам однапред за одговорите.
Малце глупаво прашање, но дали може да купам онлајн карта од визар неколку часа пред полетувањето? На пример ако летот е во 17:55 да купам во 11 часот сабајлето, а два часа пред 17 да ја чекирам?
Секако дека може, само проблемот е во тоа што понудата ќе чини неколку пати повеќе од реалната цена. Затоа секогаш се препорачува картата да се купи во просек 50 дена пред планираното поаѓање. И уште нешто, големи се шансите да не најдеш слободно место поради пополнетите места.
Да знам дека така е најправилно, но така испаднаа работите, фала ти на брзиот одговор, многу ми значи, инаку се продадени само картите за small bag, другите има уште слободно место! Цената е дупло од нормалната
Да ве прашам тие што почесто патувате па можеби знаете, дали ќе имам проблем за куфер како рачен багаж со димензии 60х40х23 а дозволените димензии се 55х40х23?
Визер се малце проблематични. Мој совет е да не ризикуваш, иако се тука некаде димензиите. Ама не знам, еве нека пишат и другиве..
Визер никогаш не биле проблематични, ако го пушташ доле сигурно нема да земат метро да ти го мерат. Ќе ти го мерат на килажа и толку. За разлика од визер,рајан ер се баш прецизни.
За ова болдираново да, ама имаат некои метални кутии каде проверуваат дали багажот се совпаѓа со дадените димензии. Според мене не треба да се ризикува затоа што се плаќаат огромни давачки. Нешто налик на ова:
^ мене ми имаат мерено во овие во Скопје, ама само куферче кога сум носел. Ранец не. И тоа на многу проблеми им имаат правено, пред мене сум гледал Затоа, ако сте само со рачен багаж, подобро носете ранец, и да ви речат во овие, помал проблем е, може да се настиска, пофлексибилен е за разлика од куферчињата, посебно оние тврдите