Имав закажано едни дати а сега ми стигна маил дека на тој ден нема да има лет, туку на друга дата што не ми одговара. Што треба да направам, дали е можно да презакажам од друг аеродром да летам со wizz air или треба да ми ги вратат парите па да закажувам нови карти кои чинат 300€од човек Многу се изнервирав
Исто и јас на 3ти мај резервирав карта за на 29ти јуни,пред два дена ми го презакажаа летот на 28ми но не ми одговара на работа сум,и денес цел ден им праќам меил и ѕвонам на бројот нема оператори,5,6 минути чекав и се откажав.Доколку имате инфо како да се среди со летов нормално за тоа дато што ни одговара ве молам пишете јас утре од сабајле повторно ќе ѕвонам макар што е 1 мин 60ден и додека ви се јават ќе помине доста време но тоа е.
Точно дека сега картите се 300€ но доколку сакате да ви ги вратат парите во рок од една недела ги враќаат 100% инаку ќе мора датото да го смените за да патувате по таа цена што сте платиле.Јас извадив три карти во еден правец за 4200ден а сега е ненормална цената 18000 за еден
Би ве замолила доколку имате контакт телефон од Wizz Air да ми пишете бидејќи не ми враќаат меил ниту пак се јавуваат на тој број што го имам.Ми го сменија летот за еден ден порано но не ми одговара.Ова е бр.јас што го имам
Пр Пробај на овој број го има на апликацијата. Ама верувам од пон-пет им е работно време. Доколку не ти одговара мислам дека има опција да ти ги вратат парите па да си бараш друг лет.
Ти благодарам.Да има опција да ми ги вратат парите но јас имав резервирано на 29ти јуни,а они ми смениле на 28ми јуни што не ми одговара затоа што сум на работа,а одморот ми почнува од 29ти.Дали има можност да се јавам и да ми го сменат на 30ти јуни.Доколку имате информација ве молам пишете ми многу ми значи.Поздрав
Не е никаков проблем тоа ќе ми дадат одмор,но местото каде што ќе престојувам е слободно од 29ти,а тројца сме не сум сама инаку летам за Берлин
Прв пат ќе патувам со Wizz, па ме интересира дали може да се пуштат два куфера доле еден чекиран од 20 кг и еден од 10 кг? Инаку да напоменам картата ми е приорити. Читав мислења тука, ама ме интересира некое мислење од скоро некој што бил така.
Јави се прашај ама единствено во моментов што ми дојде на памет е или да ги прифатиш промените или да ти ги вратат парите па да купиш карта до друг аеродром во Германија за на 29ти, ама сите околу аеродроми се далеку околу 500 км. од Берлин. Обично и по правило тој од 10кг. оди горе со тебе, ако прашаш може ќе ти дозволат, а може и не зависи. Јас никогаш не сум прашала, другарка ми имала среќа неколку пати и дозволиле.
Како е сега со ковид протоколите? Се бара задолжителна вакцина? За Австрија и Германија ме интересира. Јас сум вакцинирана со Спутник,ама мислам не ја признаваат или смениле ???
Што направи? Дали успеа да ги добиеш? Јас ѕвонев 2 пати и време.на чекање да дојдам до агент по 40мин, па немав време да чекам баш а и колку ќе ме кошта тоа, една карта . Пишав и email на info@wizzair.com ама секако не добив одговор. Дали знаете некој друг email каде да пишам?
Дали се наплаќа седиште за дете под 2 год? Секогаш кога селектирам ја пишувам Инфант (0-2) и секогаш и за неа ми рачунаат цена?
Важи 3G правило за Австрија, можеш и само со негативен тест. Ако немаш 3G ,пополнуваш онлајн формулар и имаш 10 дена карантин.Од вакцини ги важат само Фајзер и Џонсон..
Zdravo sakam da prasam imam kupeno kafemat (dolce gusto) ke si odam so racna torbica od Germanija za Makedonija dali e mozno da go slezam, ima nekoj iskustvo so elektricni aperati?