И e-mail им пишав и 4,5 пати звонев и се е џабе не се јавуваат,а тоа колку ќе платиме ќе си видиме следниот месец затоа што 60ден е минута.Го потврдив летот порано еден ден на 28ми затоа што ми се здосади да се замарам со нив.Што е тоа е потврдете си и вие.Поздрав
Здраво девојки, Дали доколку на Wizz Air е вклучено интернет пријавување е потребно да се оди на аеродром за да се валидира картата за авион пред летот? Бидејќи се пријавив на апликацијата ама ми дава “Неважечка карта” и доле пишува дека патниците треба да се пријават на шалтерот на Wizz air на аеродром за проверка на документи. Прв пат летам со оваа авиокомпанија, дали има некој вакво искуство скоро? Фала
Ми треба искуство по можност од прва рака. Ќе патувам со wizz air со 3 деца од кои 1 бебе. Дали е подобро да резервирам седишта 2 и едно во иста линија, или третото да е позади мене? Дали количката бебешка може да ја носам и транспортерот и дали се плаќа такса? Има ли правила каква да е количката? Случааајно некој да не носел и седиште за во кола ? Или барам многу За бебето што се можам да носам горе, во смисла витамини, парацетамол, вигантол, спреј за нос... играчки поголемите можат ли нешто да носат, книга.. Нешто што би ми било од корист како што може да прават деца за време на лет, што да носам што не.... типс
Дали има место каде да ја оставам колата на аеродром за 2 дена патување, дали се плаќа и дали е безбедно?
Дечки ја пак Си ја чекирав картата за назад и ми излезе дека поефтина и 900 ден ми остануваат. Е сег дали автоматски ќе ги вратат на профилот за да може да ги искористим за друг лет или треба да ги контактирам? Еве како ми стои конкретно
1. Дали може пегла за алишта да се носи во рачна торба? 2. Дали ако не чекираме седиште на аеродром ќе ни дадат кое е слободно и дали може да снема?
Не се наплаќа,тие ти го доделуваат, што значи ако патуваш со некого може да не сте еден до друг. Ако имаш желба на кое место и до кого да седиш,тогаш се доплаќа
Треба да патувам со авион следната недела па сакам да прашам дали треба да носам некој извештај од специјалист или рецепт бидејќи ќе носам антидепресиви со мене? Планирам долу во багажот да ги ставам.
Не. Освен ако не носиш за 3 месеци па да се посомневаат на нешто друго. Ма да во принцип не бараат ништо..