Ако те интересира конкретно за ВизЕр, јас би ти ги препорачал летовите кон Италија како ефтини варијанти (од Скопје до Италија имаш само до Рим, Торино, Болоња, Венеција и Милано). Тука би ги додал и Германија (на пример Келн, Хамбург, Берлин), Унгарија (Будимпешта) и Словачка (Братислава). Се зависи со колкав буџет располагаш. Ако те интерсира уште нешто, пиши ми.
Поскапи ли се летовите во јули? До Хамбург и назад ми излегува 350 евра, некако премногу за разлика од мое досегашно искуство.
Јас пред неколку месеци купував за Тревизо и ги купив многу ефтини. После тоа по некое време(претпоставувам поради зголемена побарувачка) на многу летови им рипна цената мин. 18000 ден.
Ми треба лет до Франкфурт во декември, на WizzAir внесов датум значи за повратна карта и вака: Дали цената е за повратна или за еден правец е толку?
Така и мислев, ставам во еден правец па повратна, иста цена излегува. Зошто вкупната не ја даваат кога селектираш и датум за враќање? Фала ти @fast_and_curious
Тоа го кажуваат на крајот на checkout. Би требало да приметиш. За Скопје прашуваш? Ако да, тогаш нема директна линија од скопскиот аеродром. Само преку Загреб.
За таа за Марибор и јас имам слушнато дека наводно ќе се воведувала преку ВизЕр, а за Прага и Сплит немам некаква информација. Ако некој знае, нека сподели. https://www.exyuaviation.com/2022/04/wizz-air-plans-skopje-maribor-service.html
Со нив ништо не е сигурно. 8 часа дремење на аеродром на 1јуни, три пати одложен лет и преку сила слетување во Малта. Нека си се организираат не може еден ист авион да лета на повеќе места.
@Cosmi ако не се лажам уште не е ни објавен тендерот за субвенции за летови од Влада. Кога ќе се објави, ако го добие Виз Ер, зависно условите, треба да воведе нови линии од Скопје и од Охрид. Најавите се дека ќе ги воведат Сплит, Прага и Марибор, а повторно ќе ги отворат Барселона и Ларнака од Скопје. Ама сето ова тешко дека ќе се случи месецов, и покрај најавите, затоа што Виз Ер нема пракса да воведува нови линии од Македонија без субвенции.
Другарка ќе доаѓа од странство со Виз. Прашува дали може да донесе парфем со себе? 50 милилитри е, неќе да го остави тамо, а не е сигурна дали може да го понесе со себе.
Може да носи течности со најмногу 100 мл/поединечно, но ќе треба да ја спакува течноста во проѕирна зиплок ќеса и да го чува парфемот во рачниот багаж.
Баш баратав и јас по страната на Визз, знам дека по 100 мл. во прозирна кеса, ама зошто у торбата со себе мора?
Ако има чекиран багаж долу може и таму, само што таму нема ограничен број на течности. Инаку,за горе едно време ги пакував,сега ги бутам во несесер,поминуваат на скенер и тоа е тоа.
Често се случува да ви речат да ги покажете течностите одделно. Прашуваат најпрво дали воопшто носите нешто такво. Зборувам од лично искуство. А за во чекираниот багаж немате гајле, но секако во разумни количини. Барем јас во куфер сум носел лименки и вино.
Никогаш не ме прашале,они на скенер гледаат се. Ме прашаа еднаш во Софија да извадам се од рачниот багаж чиниш дрога носам,ама му реков ако го копчаш и местиш ти слободно вади и се откажа. Нема смисла мислам,кога се се гледа. Една пак ме тераше да ги пуштам апаратчињава за слух под скенер на што не се согласив пошто е проблем, па се расправаа со колегите таму. Ова се случи овде во Малта еднаш и никогаш повеќе. Ќе налеташ на некоја будала и ќе те малтретира за ништо.