Здраво Сакам да прашам дали има и каква е разлика во плаќање преку картичка и преку банкарски налоге, дали има разлика во цената? Еднаш резервирав преку банкарски налог и ме интересира сега сакам преку картичка, па би ве замолил кој има искуство на кусо да ми објасни и каква е разликата ?
Ве молам за помош.Сите вир откако ќе пристигнете на аеродром што правите?Одите и се пријавувате таму за карти?Прв пат ќе летам со две деца и ми е многу страв да не можам да се снајдам,не знам што да правам откако ќе влезам во аеродромот.Ќе летам за Дортмунд,и ако некоја феминка е расположена да ми објасни многу ќе бидам благодарна.Картите ќе ги резервираме он-лине,имаме таква картица за попуст.Прв пат ќе летам,многу ми е страв да не утнам нешто и влезам во друг авион.Летот е рано наутро,дали даваат храна во авионот,или може нешто да земам за децата.Ве молам,не ми замерувајте но освен тоа имам страв и од височина.Ако може некоја подетално да ми објасни ќе и бидам вечно благодарна.
Od skopje ke letas? Koga ke vlezes vo holot ke se upatis desno nakaj monitorite. Tamu ke go pobaras tvojot let, kaj sto ke ti pisuva tamu ke zastanes so torbite, pasos i karti spremni. Ke ti merat bagaz, ke ti cekiraat karti i ke ti kazat na koj terminal ke ti bide avionot, t.e pisuva na kartite sto ke ti gi dadat. Pitoa se kacuvas po skalite nagore so racniot bagaz i pominuvas preku carina. Ti proveruvaat pasos, ti skeniraat torbica, kiga ke pomines veke ke si go baras terminalot so brojce se oznaceni, nemozes da utnes i ke si cekas tamu dodeka ne dojde vreme za vleguvanje vo avion. Se e ubabo oznaceno, se si pisuva, nema sansi da utnes. Vo wizz nema jadenje vkluceno vo kartata no moze da si kupis vo avionot. Ima kafe, pijaloci, gricki, sendvici... Strav od visina imam i jas no vo avion ne se oseka. Samo ne gledaj niz prozor dodeka ne se iskaci ubavo avionot i nemas gajle. Isto ko vo kola da se vozis. Ke uzivas, ke vidis.
na samata karta sto ke ja istampas si ima broj na let ke go vidis brojot i kog ake pristigns na aerodrom kako sto ti kaza feminkata pogore ke vidis na monitorite na koj salter treba da odis,ke si fatis red i ke cekas da napravis chek-in,posle toa se upatuvas gore po skalite,odis na levo ,nemozes da utnes,ke vidis kaj idat drugite i ke baras na koj terminal ti e letot za dortmund,si ima eden dva tri,zavisi na kartata kako ti pisuva i odis tamu i cekas dur ne dojde nekoj od vrabotenite 45 min pred letot i ke pocnete da se kacuvate vo avion,ako letas od sk nemaaaaaa sansi da utnes
Задоволна сум колку толку од Визер. Немав проблем со багажот, носев голем рачен багаж. Не го мерееа багажот ни за одење ни за враќање. Но, организацијата за враќање беше ужас и касневме со качување во авион цел саат. Летовите беа пријатни. Ама стујардесите, бреј непрофесионалност, лошо се изненадив. Не се разбираше што збореа ни на македонски ни на англиски. На крај на летот почнаа и на српски да зборат. Ама добро, колку пари толку музика нели. Се на се океј се и ќе летам повторно со нив, само заради исплатливите цени на летови.
Имаат добри понуди навистина и секогаш сум била задоволна од нив, целосно, но не е фер што картите понекогаш помалку коштаат него ли дополнителниот багаж. Сега кога плаќав карта онлајн, за поголем куфер платив скоро дупло повеќе од преефтината карта. Но како и да е ,пак не се толку скапи. Сакав да ве известам ,кој планира да патува при крај на октомври ,имаат добри понуди. Карта во еден правец, без дополнителен багаж, 899 ден. Ова важеше за неколку дестинации.
Dali go vrakaat celosniot Iznos na Kartata plus kuferot pri otkazuvanje na let ako se izvrsi pred 12 dena?
Imase i za Italija, Milano, kraj na Oktomvri, 1190 den.Konkretno mislam deka bese 27.10 i 30.10 . Vidi na nasata strana, na wizz i za drugi destinacii.
Дали можеби некој знае дали во рачниот багаж е дозволено да се носи фен, мало пегличе или преса за коса, некоја од овие работи? Нигде неможев да најдам , прочитам конкретно за оваков вид на предмети .
мислам дека на страната во Виз во најчесто поставувани прашања имам прочитано дека пегла е дозволена..јас сега патував пред 2 недели и си носев фен во рачниот багаж кога се враќав од Шпанија бидејќи не ми го собираше во куферот,никој ни виде што носам ни праша..во Македонија малку позаинтересирани беа во смисла гледаа во екранот на ренген што носиш ама на никој ништо не му направија проблем а пак на враќање во Шпанија не се ни опулија во екранот...си муабетеа меѓу себе,си се смееја јас мислев сепак Шпанија малку поодговорни ама не...
денеска резервиравме карти за мене и мојот син од Скопје до Дортмунд ама уплатата е направена од Германија. Прво ни даде информација за сметка на која треба да платиме -Citibank N.A. London Branch и нормално број на сметка а после тоа на мејл ни стигна пак детали за сметка,истата сметка на која беше извршена уплатата ама тоа Citibank London не беше никаде спомнато. се плашам дали таа сметка е валидна и ,зошто уплатата би била во Лондон дали некој имал ваков случај ако мозе да ми помогне. Сега кога одам на резервацијата ми пише дека е на чекање
Дечки дали ако не ја чекираш картата ти враќаат некој денар или ти пропаѓа целиот износ? Иначе не се зезајте со димензиите, во плус да сте некој cm секогаш. И ако носите мал или голем рачен багаж и плус јакна или торба со документи обавезно имајте си оставено простор за овие работи што се плус. Струјардесите се општа катастрофа. Јас, лично, си имам поинаква замисла за струјардеса и овие нашиве во занес се далеку од таа слика. Инаку за се друго сум задоволна. Реално пред 10 години некој да ми кажеше дека за 2.200ден. можам да отидам и да се вратам од Милано, Барселона или Минхен, немаше за поверувам.
Колку е картата за Барселона во два правци за Нова Година? И дали има врска ако ја уплатам сега или почеток на декември?
Ако ја купиш сега, една повратна карта чини 15. 000 денари, што не е ефтино. Ако имаш картичка за попуст -1500 денари помалку ќе платиш. А како одминува времето, до декември сигурно ќе скокне и многу повеќе заради празниците. Во принцип, картите се секогаш поскапи кога има празници или одмори. Затоа е најдобро да се шета октомври, ноември, и во други „бош“ месеци, тогаш летовите се најефтини, и да се купат навреме барем месец ипол прад летот, зошто после цената варира од ден за ден.