И мене ми се случила слична ситуација на аеродромот во Софија, но се испадна во ред. Мислам дека во Бугарија се строги за тие работи. Јас таму сум начекал ептен строг однос од нивните службеници.
Зависно од дестинацијата каде слетуваш. Не е до Визер, туку до мерките кои важат во земјата каде што слетувате. На пример ако леташ за Шведска, не ти е потребно ништо. Ако леташ за Шпанија, таму се' уште има превентивни мерки.
Имаат Општи услови, и Услови за секоја земја. https://wizzair.com/en-gb/informati...formation-hub/travel-restrictions-per-country
Здраво земав да се чекирам на визар и сега ми бара сериски број и број на пасош, порано беше само бројот на пасошот. дали знаете кој броеви се сериски од пасошот
Здравје ќе патувам со Виз Аир со 2 деца и 1 бебе. Рачен багаж ги следува децата по дифолт или како? За бебе ќе носам плус торба. Дали смеам витамини за 3те дрца да носам, за мене лоратитин таблети..
Нема никаков проблем да носиш лекови и сл. За секој случај земи си потврда од доктор како доказ за лековите, но не е задолжително.
Прв пат летам. Околу багажот неможам да се снајдам куферот со кој димензии треба да ми биде? И дали на некој му барале пцр тест на аеродром или вакцини во скоро време. Ќе летам до Меминген.
20kg нема димензии можеш од големите да земеш што собираат и повеќе од 20кг,ама гледај да ти биде таа килажа 20кг.
Здраво. Пред малку извадив 2 карти за мене и другарка ми од акаунтот на сопругот. Пред да ја потврдам и платам резервацијата во левиот агол горе пишуваше имиња на патници моето име и името на мојата другарка. Платив се и на меил ми стигна потврда за 2 карти, едната на име на другарка ми и една на име на сопругот. Како е можно ова?