Здраво, летот прво го одложуваа по пола сат, за на крај да го скроз откажат. Чекање, нервози и губење два дена на работа. Бевме упатени да го резервираме следниот кој што ни одговара а средствата од откажаниов ќе ни бидат вратени. Речено сторено. Наредниот ден резервиравме нов лет. Дали некој може да ми помогне како да ги повратам средствата од откажаниот? Се најавувам на страната, ја најдувам резервацијата и натаму не знам што? Нема некоја опција измени, пријави или слично... Ако знае некој да ми помогне супер. Благодарам
Веројатно си избрала да платиш во денари, што значи дека Wizz Air си ги конвертира валутите по нивен курс кој е изгор скап. Финтата е да избереш да платиш во основната валута (во случајов евра) и тогаш конверзијата од денари ја врши банката која ти ја издала картичката, по нејзин курс, што испаѓа доста поевтино.
Zdravo. Dali treba PSR testovi ushte, za patuvanje so wizzair do Germanija? p.s.Ne sum vakcinirana i dokolku treba dali na samiot aerodrom postoi takva opcija?
На аеродромот во Скопје можеш да се тестираш. А за услови за влез во Германија отвори ја страната на МНР ако влегуваш како македонски државјанин.
Здраво, Дали за 32 кг багаж треба само 1 куфер да земам или можам тие 32 кг да ги споделам на 2 куферчиња?
Во рачниот багаж(тој што доаѓа бесплатно) од лосиони креми и такви работи смее само до 100 мл да биде секое од нив така?