Здраво, Резервирам карта од Хан за Скопје. Сите податоци ги внесувам точно, но трансакцијата ми е одбиена иако имаше голем број на обиди. Дали некој знае до што е проблемот? На картичката имам таман пари? Можно ли е да има системски проблем? Благодарам
Здраво, со priority можам и ранец и кабински куфер или само куфер? порано знам можеше и двете ама одмана немам летано па да си прашам за сигурно инаку гледам за многу летови паднати се цените во споредба што гледав пред некој месец за истите дати ама некако со овие штрајковите страв ми е да нема откажувања такви работи
Jas neznam Sto im e na Wizzair Site letovi kasnat. Na mene Eden covek mi ja izvadi kartata, Ako se odlozi letot na negoviot meil ke stigne izvestuvanje neli?
Дали може некој да ме упати околу процесот на чекирање на картата - кога треба тоа да се направи. Ќе летам за Меминген/Минхен запад. Сакам да ја искористам можноста за бесплатно седиште. Секој совет е добредојден!
48 часа пред летот можеш да се чекираш,ќе ти пристигне на меил. Ќе селектираш дека не сакаш доплата на седиште и ќе ти доделат рандом бесплатно
Пробај прво онлајн, ако не оди, можеш и на аеродром да се чекираш,само имај предвид дека може да има гужва па планирај си го времето
Слушав некои такви теории за летовите до Германија. Првпат правам вакво нешто и сакав да се осигурам. Сепак ти благодарам за одвоеното време.
Здраво прв пат ми е да летам, дали можи некој да ми објасни како да резервирам карти за Германија,преку визаир, што треба да сторам како да покажам на аеродром карти и слично Многу ќе ви бидам благодарна
Нема таква опција, имаш право на едно парче багаж што треба да се собира под седиште. Ако лаптопот ти го собира во ранец кој што се собира под седиште, можеш така. Ако не ќе си доплатиш за carry on што не се исплаќа само за лаптоп. Разгледај има добри ранци за лаптоп со место за облека за 3-4дена пример.
Слушнав имаше доста откажани/преместени летови во мај/јуни. Каква е ситуацијата сега? Имам купено карта за средина на септември, па си мислам колкави се шансите да го откажат летот?
Здраво , сакам да резервирам преку wizz карти за Швајцарија, повратни, отворив на веб страната, не е нешто комплицирано, само ме интересираат следниве опции , за седиште нема стриктно опција да ви се додели рандом, туку само вие да си одберете или да изберете подоцна, т.е тоа подразбира да ви се додели рандом кога ќе пристигнете, дали и тоа се наплаќа? Потоа за чекирање гледам има две опции , системот автоматски да ве чекира 50часа пред полетување, околу 150 ден по човек , или да се чекирате на аеродромот 850 ден од човек , и евентуално бесплатно ако се чекирате сами преку интернет. Дали е нешто комплицирано сами да се чекирате? Во главно ова само ме интересираше другото сѐ беше основни информации, благодарам.
Зависи каде. Ако има распоред на летови во Септември за таму каде што леташ,летот ќе се оствари. Седиште може да се избере и подоцна со тоа што кога ќе ја чекираш картата 48часа пред лет можеш да ја одбереш опцијата рандом. Чекај малку ова не е wizzair? Онлајн чекирањето е бесплатно 48 часа пред лет, на шалтер се наплаќа. Од кога онлајн чекирањето се наплаќа по 150 ден од човек?