Не не, тоа е автоматско пријавување, 50 часа пред летот те пријавува систем от , Автоматски те пријавува системот и тоа се наплаќа 150 ден по човек ,и картите се добиваат дури во авионот автоматски, на шалтер 850 ден по човек, и на интернет бесплатно сам да се чекираш. Ќе ти пратам сега во прилог скриншот, инаку тие опции ми излегоа само на веб страната, а преку апликацијата не ми даде таква опција. Значи кога ќе резервирам платам се тоа , резервацијата ми стига на маил , и потоа само 48 часа пред поаѓање треба да ја отворам резервацијата и да ги чекирам картите за поаѓање, а потоа за враќање пак исто 48 часа пред летот. Се внесуваат само податоци од пасошот така ? И картата се добива во пдф формат и само треба да се испечати? И дали треба да се оди повторно на шалтер кога ќе стигнам на аеродромот или веќе се ми е завршено преку интернет ?
Прв пат слушам за автоматско пријавување од човек се плаќало. Дај прати скриншот вака не можам да разберам …
Аааа ова е по избор,ако сакаш можеш да го додадеш ако не не. Не може да те условува. Инаку треба да идеш на шалтер ако имаш куфер за доле да го пуштиш и ако онлајн немаш boarding pass. Односно тоа значи ќе ти дадат на шалтер бесплатно. @swwetyyy
Благодарам многу , и уште ова само може да носам шминки , парфем и пегла за коса , и серуми за лицето што ги користам неопходни ми се? Инаку и за враќање е исто ако не добијам boarding pass онлајн, треба да се упатам на шалтерот на визер во Базел нели ?
Се можеш да носиш во чекираниот куфер кој ќе го пуштиш долу,во рачниот со тебе што иде горе течности до 100мл може само. Веројатно да.
Не, до 1 литар ама секое пакување да не биде повеќе од 100мл. т. е. можеш да земеш 10 шишенца од по 100мл, пример шампон, гел, лосион, пудра, парфем, крем за лице, ама самото пакување да не надминува 100мл.
И сите течности стави си ги во зип лок или друга прозирна кесичка, прозирен несесер. Ретко, ама некогаш бараат да ги погледнат на секјурити па треба да се на едно место.
Дали во куфер може да се носи ајвар една тегја домашен без декларација, мед, ракија, штека цигари, лекови основни? Исто и домашни колбаси, чадено месо, сланина?
Прво зависи каде патуваш, провери ги тамошните правила за внесување на храна и пијалок. Да претпоставиме дека е во Европа и зборуваш за чекираниот куфер доле ~ 20kg. Декларации за месото се задолжителни, ќе ти го одземат ако ти го проверуваат куферот а нема декларација. Ако е свинско а земјата е муслиманска ни со декларација не можеш да го внесеш. Има количини кои се сметаат за лична конзумација, а кои веќе подлежат на царина за увоз. Лекови да - ако се терапија пример јаки антидепресиви, носи си и дијагноза. Ракија 1 литар смееш - пак ќе кажам зависи каде леташ дали е муслиманска земја, цигари штека можеш слободно, ајвар ме имаат тресено во Италија за една тегла - значи зависи од твојата среќа. Куферите доста несмасно се транспортираат, не би пакувала многу тегли, шансите да се скршат се големи. @Neda997 Смееш дигитален топломер и сируп без ограничување во милилитража. Инхалаторот не знам каков е што содржи, ако нема течност а е само ел. уред можеш.
За во Шведска зборувам, чисто информативно а нели нема да ризикувам за една тегла домашен мед да се тресам....има и таму да се купи но домашно си е домашно. За ајвар и месни производи и домашна ракија небитно тоа е ќејф работа но нашиот мед ќе ми фали. Ти благодарам
Добра вечер, Ќе летам со Визер за неколку дена. За да го избегнам трошокот за аеродромско чекирање, ќе ја користам опцијата чекирање преку мобилната апликација со што ќе го добијам бординг пасот на телефонот. Што треба да направам понатаму со багажот (имам букирано прајорити)? И претходно имам летано со други авиокомпании, ама сега ми е првпат во сопствена режија да ги организирам работите. Благодарам за одвоеното време!