Во авион во ташна кај што носам пасош новченик може ли да носам парфем што ќе си го купам, како оди тоа?
Имам купено карти за Германија но без багаж, можам ли одпосле да додадам багаж? И дали треба online да се чекираме или може директно на шалтер тоа може да го направат?
Може и подоцна да се додаде багаж, но ако е многу блиску до летот може да е поскапо подоцна додавање. За чекирање онлајн може да се чекирате 48 часа пред летот, може и на шалтер check in ама ќе ви наплатат многу. Кога се купува картата има и опција за автоматски check in што е 150 ден.
Парфем можеш да купиш после security check, или во самиот авион, така што со тој парфем нема да минуваш на скенер. Ама ако го направиш ова пример на одење натаму, на враќање ако немаш чекиран багаж ќе ти го земат. Така да ако ти е за самиот парфем, земи го на враќање од duti free или во авионот.
Здраво пред два месеци од wizz air ми откажаа лет и поради тоа бев принудена да спијам во хотел 3 ноќи, од компанијат ми рекоа дека трошоците за хотел ќе ми бидат надоместени така што на мејл ќе им испратам сметка од хотелот. Испратив мејл и ми одговорија дека во рок од 14 до 20 работни дена парите ќе ми бидаат испратени на сметка. Поминаа повеќе од 20 работни дена, па прашањето ми е дали имал некој слично искуство со wiizz air и како да постапам понатаму.
Здраво дечки! Нова сум овде и имам неколку прашања во врска со аеродроот и со авионите.Епа вака имам испланирено да идам за Германија за едно 2 месеци да му направам на дечко ми suprise бидејќи во моментот сме long distance а тој не ме очекува па ме интерсира дека слушнав барале и адреса нешто и ако на пример не им дадам адреса бидејќи пак ќе кажам идам за изненадување ќе ме вратат ли назад??
Не бараа адреса јас бев пред 3недели те прашуваат каде одиш и кога се вракаш назад, може да ти побараат и карта ако имаш за назад извадено. Генерално не правеа проблеми, една баба имаше дојдено кај син и со авион ама ке се вракала со него со кола го кажа тоа и ја пуштија.
Какви лекови? Пушташ тоа од рачен багаж под скенер, никој нигде не напраил проблем за лекови. Мене ми исфрлија само шампон и млеко за тело, било повеќе од дозволените не знам колку мл. Лековите ми беа нормални некои апчиња, за ова, она и недајбоже, ама никој не ги ни побара.
Со најефтиниот пакет Basic на wizz, дали има опција при чекирање да додадам кабински куфер и колку кошта отприлика? Исто приметив дека ако купувам две карти одеднаш мора да се од ист пакет не може едната да е basic а другата flex на пример, дали има некоја финта за ова или треба посебно да ги купам што е секако покомплицирано