Здраво ме интересира за визер Купивме карта од Скопје за дечкото да се врати во Мкд од Германија. Платена со термин и со град на поаѓање, е сега можеби нема да се врати и за да не пропадне картата дали е можно да се замени дата ден саат и да одам јас од Скопје за Германија??
Направив две исти резервации во рок од 40 минути зошто не ми стигнуваше меил. Отпосле стигна за двете, само резервации се не се платени. Ако не ги платам во рок од 24 часа пропаѓаат. Сега јас би ја платила едната, а другата не гледам опција да ја откажам. Да си чекам сама ќе пропадне? Нема да имам проблем на аеродром?
Се плаќа разлика во цената и плус таксите. Ако имаш виз флекс не плаќаш ништо од наведеното. @Chantal втората можеш да ја откажеш но можеби нема да ти вратат пари на сметка.
Не ми се платени, избрав да платам со трансакција, значи во план сум да ја платам само едната. Не гледам копче откажи ја резервацијата.
Za otkazani letovi od wizzait kaj se zalite? Znaci epten se bezobrazni, lugevo na aerodrom 600km od doma prvo im kazaa 1 cas docnenje, pa 3 casa i sega poraka deka e otkazan letot za utre. Kako da se postapi vo vakva situacija?
Ако е купен од Free shop на аеродром, така си го носиш. За назад, доколку пакувањето е до 100мл, (како за секоја течност), не мора да го чекираш, може во рачниот багаж.
Се исплати само ако билетите што ги имаш купено се поскапи од таксата за откажување, што е реткост во Визз. Инаку може и да треба да доплатиш за да ги откажеш. Јас досега секогаш кога сум немала флекс, само сум ги оставала картите да пропаднат. Доколку има повеќе од 14 дена до летот, таксата за откажување е 65 евра, по лет, по човек. Значи за два повратни билети би било 260 евра. Доколку има помалку од 14 дена е 83 евра по лет, по човек, и плус не се рефундираат дополнителни услуги, како седишта и сл.
Здраво,имам купено повратен билет пред два дена од оваа компанија.Летот е во декември дали може да ги откажам картите и која е постапката дали ги враќаат средствата или доплаќам јас.
Здраво на сите, прв пат ќе купувам карти онлајн па ме интересира што треба да направам од кога ќе ги купам. Како оди чекирањето треба да одам на шалтер на аеродром? Можам сето да го направам онлајн. Конкретно сакам за Болоња и се враќам за 4 дена и ме интересира што треба да направам исто и за назат. Ако може некој подетално да ми објасни би бил благодарен.
И ние земавме за Болоња, таа варијанта од 4 дена, петок со понеделник. Ќе чекираме пред тргнување и ќе додадеме мал рачен багаж.
Здраво на 18 декември имам закажано карта за до Меминген, пред 1 недела ми стигна меил дека летот е поместен за 1час а мене тоа никако не ми одговара. Има ли некој искуство со тоа дали рефундираат или дали можам да искористам за да закажам до друга дестинација?
Пиши искуство по враќање. Како планирате да идете до центар од аеродромот? Баш за истата релација се интересирам и јас а и прв пат чекирам сам и затоа прашувам.
Отвори на страната на аеродромот, има информации за опциите за превоз до центарот. Има некој воз Marconi Express кој оди на секои 7 минути. Како се снајдовте за сместување? Изгор се цените за викенд.