Нема врска… пасошот ти истекува. Никој нема гаранција дека ќе се вратиш и покрај картата. Тоа е Шенген правило, ти пишав во другата тема извади по брза постапка 5000 е, за 24 часа е готов.
На картата што ја купив е внесен бројот на мојот сегашен пасош.. што ќе правам сеа? Неможе да се смени?
Девојки прв пат ќе патувам сама и преку wizzair, до летот имам иште 72часа. Имам патувано предходно ама преку агенција се организирано од нив. Ми треба помош за чекирањето на картата 48часа предходно што е преку апликацијата, предходно не избрав седиште дали сега само треба да направам пријавување и само автоматски ќе ми биде доделено бесплатно седиште? И со чекирањето онлајн одам само на шалтер со испечатена карта и рачен багаж… Немам патувано последнава година дали сеуште треба два часа пред лет да бидам на аеродром како што беше за време пандемија?
Ајде мала помош на 7 декември треба да патувам со малата која ми е 4 год. Но ми се случи несреќа нажалост има скршена нога сега е во лангета неможам да знам дали ќе и се извади до тогаш и дали ќе можеме да патуваме. Дали некој има откажувал ваков случај да ме упати помогне што да правам
Здраво дечки имам прашања во врска со поминуванјто преку сеќурити и се што е поврзено со аеродромор на контрола и тоа се и сакам да прашам ако има некој доброволно што е запознаен со се да ми пише инбох да ми разјасни се што не мие јасно ви благодарам унапред <3
Дечки некој дали знае зошто несакаат карти ( со куфер ) да се чекираат , а дава опцијата може да се чекира кога ќе се внесе се и да процесира финално , врте минута две и ме враќа назад на податоците со пасоши , сите се со зелено штиклирани се е валидно внесено. Ама несакаат да се чекираат
Па има уште две недели , ама на апп дава дека можиш нели да се пријавиш до 30дена пред лет , пример имам уште една резервациа со повратен лет , за свекрва ми , на таа се чекира едниот лет после две недели што е ( фактички заедничкиот , ист дaтум )А на моите резервации назад ме враќа
Можеби не е за овде прашањето, преместете соодветно! Колку треба да важи пасошот во Шенген зоната? 3 или 6 месеци, конкретно за Бугарија ме интересира, ама нели и за во Македонија исто важи дали за 6 дали за 3?
Преместете соодветно ако не е за тука прашањето. Дали може да се патува со пасош со старо презиме во рок од 30 дена по склучување на брак?
Законски не смее и се предвидени казни ако патуваш без да ги промениш личните податоци. Знам луѓе што патувале и поминале само со опомени, ама може и казна да си платиш.
Zenski trebit da patovam na 12 dekemvri a na 12 mi zavarsvit pasosot ke imali nekoj problem? Posto letame du skopje od italia