Средив истата ден , чекирани сме , нешто изгледа проблем до конекцијата на апп на тел беше , на лаптоп одма средив , имаме седишта платени да. А на свекрва ми во едниот правец така беше 48ч пред лет ми даде.
Пробај види дали ти дава да се чекираш ,не губиш ништо , ние летаме за неколку дена исто , јас не чекирав уште пред една недела онлине исто со куфер сме во еден правец карта. И да не се чекираш онлине един проблем е што ќе платиш на аеродром 30-50€ како казна.
Доколку имаш опција, подобро чекирај си се сама онлајн. Таму мислам може да треба да доплатиш нешто ако е на лице место чекирањето.
Сега ми текна, можеш и на странава да идеш https://www.airhint.com/ и напиши кога ти е летот и ќе ти каже која е веројатноста да ја намалат цената врз база на тоа претходно како се движеле цените.
@Poppins @Sanniii имам опција да се чекирам сама и сега ќе пробам тоа да го направам. Инаку на информации тогаш ми кажаа, цитирам сега што ми кажаа: картата се изготвува ќе ти стигне меил и доволно е да ја покажеш од телефон и ништо не правиш како останатите.(не ми стигна меил, јас проверив на апликацијата wizzair, резервиран ми е летот но не е чекиран и немам никаков меил стигнато…) И тогаш јас не им оставив податоци од пасошот ни од визата(не ми побараа, само име, презиме, адреса, број и меил ми побараа и тоа им оставив) а тоа е потребни за чекирање
Чекирај се тогаш пробај види што ќе ти даде , да не платиш пари на аеродром , немам мн искуство јас @buba4e89 ако можиш да помогниш.
Извинете јас прв пат летам па сега пробав да се чекирам и пишува ,, неважечка карта за влегување во авионот” дали тоа значи дека сум чекирана или?
Само уште ова да прашам. Дали можам да носам јакна на себе и плус една поголема јакна(капутче) во раце?
Здраво дали може наместо количка да се земе транспортер за долу во авион без доплата? Прв пат патуваме со бебе а најдов само постари одговори на темава а на сајтот пишува склоплива количка или креветче
Дали само кај мене не работи страната? Пробувам Од лаптоп несака. Од мобилната апликација пак има друг проблем. цената на билетот е 40 евра, и пред крај ми дава само опција со која мора да одберам седиште и таа се плаќа плус 20-25 евра. Немам можност или пак незнам да го тргнам овој дел? Сакам да си ја платам само картата. Ако може некој совет од некој што ја користи почесто апликацијава?
оди choose other seats, и после не избирај седиште, директно Continue, така ќе ти додели автоматски при чек ин без доплаќање.
Здраво. Сакам да резервирам авионски карти онлајн на wizzair но пасошот на ќерка ми е истечен. Прашањето ми е дали можам да извршам резервација денес на пример а пасошот утре или кога било пред да се патува да го обновам или мора да е обновен за да се резервираат картите онлајн?