Треба да патувам првпат за германија во петок сабајле, па би имала неколку прашања. Ја купив картата пред некој ден. Е сега одбрав базна услуга. меѓу кои и да се чекирам онлајн, наместо да плаќам 800 денари. Пробувам да се чекирам сега и кога треба да го сликам пасошот цело време ми вели грешка? Ги сликам двете страни. Дали јас нешто сум згрешила? Дали треба да го скенирам пасошот или може доле и со податоци да се чекирам? И Второ прашање. Дали треба да ја испринтам картата или не е потребно?
Не треба да се скенира ни слика пасош, треба само да се пишат информациите што ти ги бара од пасошот како бр на пасош. Картата треба да се принта. За жителите на ЕУ не мора да се принта, ама ние мораме
A Kaj да најдам картата? Одам на "Превземете ја картата за влегување во авионот во PDF" Кликам и ми дава некоја карта со напомена " ОВА НЕ Е КАРТА ЗА ВЛЕЗ ВО АВИОНОТ" и подолу има вака. За пријатно доживување на патувањето, одете директно на шалтерот за пријавување на Wizz Airштом ќе пристигнете на аеродромот, за да може да ги потврдиме Вашите патнички документи(на пр., документи поврзани со COVID-19, пасош, виза, други задолжителни документи Дали треба оваа да ја симнам карта или друга некоја? Малку е нејасно напишано. Вика симни ја, па после кога сум ја симнала вика не е за влез.
Уште нешто. Вчера пробав да земам карта за назад. Денес ми вели 100 евра. Дали ви прават германците проблеми за тие што немате ЕУ документи и немате повратна карта? Пример ако би немала веднаш повратна карта, дали може да ми прават проблеми? Целата работа е што картата на Wizz Аir oд 100 евра ми е скапа па би сакала да почекам за поевтино. Вчера истата беше 39 евра. Истовремено бев видела на Skyscaner дека картата е сеуште 50 евра. А мене некако WizzAir се обидува да ми ја продаде за 100 евра. Дали греши skyscaner или, друг е проблемот? Дали би Можела да ја купам од SkyScaner картата или мора да се плати На wizz air 100 eвра. Совет некој дали да ја купам оваа од 100 евра или да би почекала?
Дали се уште функционира автобусот до аеродромот? Видов дека застанува под железничка, и дали е точен? Како е сега сообраќајот, дали е ок со автобусот, или е посигурно со такси?
Да, функционира. Повели линк од распоредот https://www.facebook.com/skopjeshut...JijuzAPMH5Q1ofKptyyBdErTWaTMaJPrfQfXtxcGZBsol
Јас кога патував пред околу еден месец, автобусот шо тргнува од ХолидејИн во 10, доцнеше повеќе од 30 мин. Не знам тогаш така дали се погодило случајно или честа практика му е да каснат. Кога се јавив да прашам, девојката ме убедуваше дека е таму, а сите чекаме.
Јас не сум имал лошо искуство со автобусите на ТАВ, па дури и во период на голем сообраќаен хаос како периодов. А дали некој од вас има искуство со резервација на смештај на booking.com преку WizzAir? Дали е ова реално со повратот на средства?
Откажав повратен лет, нема рефундација. Сега гледам на маил ми стгнала некоја фактура, а нема ни објаснување. Дали некој скоро откажал лет ( без wizz flex), дали требаше нешто да доплаќате/ дали успеавте нешто да рефундирате?
Зависи од цената на билетите. Откажување без флекс е 65-85 евра по лет, по патник. Ако картите ти биле поскапи може да добиеш нешто назад, ако не тогаш ти треба да доплатиш.
Се обидов да презакажам лет (летот ми е букиран за почеток на март 2023, па сакав да го преместам за 1 недела подоцна) и побараа 9000 денари fee. Дали се нормални?
Да, тоа им е бизнис стратегијата на Виз и на сите други нискобуџетни авиокомпании, добиваш евтини билети ама на сметка на тоа немаш никаква флексибилност и те дерат за секоја друга услуга. Во вакви ситуации за жал најчесто повеќе се исплати само да си купиш нов билет и да оставиш другиот да пропадне. Или доколку се работи за поскапи билети, да си доплаќаш за флекс.
А можам ли да го откажам летот и после со рефундираните пари да закажам нов? Т.е. дали воопшто ги рефундираат парите и за колку време?
Ако ти се исплати да ја платиш таксата за назад да добиеш она што имаш платено за билетите, тогаш да. Инаку не прави разлика, и за откажување и за промена на летот се плаќа висока такса доколку немаш wizz flex.