Треба. По правило а верувам добиле такви известувања. Дека се вратени не по своја волја, доколку не, има страни за рефундација на пари. Не е прв пат, лани од кај нас 20 души исфрлени од авион.
Не само што не е прв пат, туку е и пречесто. Ако има одложување со кое мора да преспиете, треба да ви покријат од авиокомпанијата сместување до следен лет. Најчесто тоа го организираат од аеродромот доколку треба да преноќите. Не мора да значи дека ќе чекате до следен редовен лет, треба да се информирате дали во меѓувреме ќе има вонреден лет, тоа исто треба да ви кажат од аеродромот. Те разбирам, ми се случило истото, ама без паника, веќе неколку пати ми се случило на повеќе локации, генерално секако мора да бидете информирани од самиот аеродром што понатаму. За рефундација секако поднеси жалба, најдобро ти е преку некоја од страниве како AirHelp, земаат некоја провизија, ама инаку сам треба со се да се замараш, вака они си ја тераат целата работа.
@ALISA0000 нека отиде на шалтер на визз на аеродромот, треба или да му средат нов лет (може и со друга компанија) и доколку е потребно да му обезбедат сместување и оброци или да му го рефундираат летот. Рефундација мораат да направат секако, ама освен тоа има право и на компензација (околу 250 евра мислам би му дошло за таа дестинација).
Ништо од ова не прават на аеродром во Скопје. Истото ми се случи со Виз и ми рекоа не сме ние одговорни (човекот кој беше на шалтер ова ми го кажа), решете го со Виз. Така што едно големо незадоволство и непрофесионалност од Виз. Следен пат најдобро е да платите за седиште. Така не може да се случат вакви циркузи.
Искрено со wizz air мене не ми излегуваат воопшто ефтини летовите. Џабе им даваат субвенции од влада. Подобро да склучат договор Туркиш барем ќе имаме летови до секаде. Вака еден куп задскриени трошоци.
Немам искуство со преноќување во Скопје искрено, секогаш ми се случувало на други локации. За во Скопје имам искуство со одложување над 6 часа и исто како и во странство, обезбеден ни беше ваучер за храна и пијалок.
издадија нова карта за вечерва до Софија Е сега прашањето ми е на апликацијата на виз ми стое новата релација до софија и пишува да чекирам него веке му издале карта со број на седиште Е сеа ако го чекирам ке има две карти ако не го чекирам да не му наплатат пари нечекиран ако го сметаат ако не е чекиран како па му издале карта и како да бидам јас сега паметна
А со Туркиш што се ефтини боли глава. Јас со 100€ во два правца и куфер поминувам двапати годишно. Рајан Ер би рекла најдобро да склучат договор,па летај кај сакаш.
Како може да се контактираат Виззер? Не ми дава да се чекирам постојано излегува ерор на 6тиот чекор.
Да ама ти ја споредуваш Малта која има само еден аеродром и која е голема колку едно Скопје. Па немаш дополнителни трошоци. Ајде да збориме за Париз, Стокхолм исл. каде авионот ти застанува во некое селце наместо на главниот аеродром. Да ги ставиме тие трошоци. Да го додадеме изгубеното време и нередовните летови. Да кажеме дека летовите на летање им се во најлошите часови. Како и фактот што за секој споен викенд цените се тродупли. Рајан ер е подобра опција и поефтина за тоа се сложувам. Ама дека визз ер е добар, не е. Визз ер е добар само за малите градови за друго е катастрофа.
Владата го поништи последниот тендер за субвенции за нови летови од Охрид и Скопје и ќе биде расипишан нов. Пријавени биле само Виз Ер (повторно), грчки Aegean и германска Lufthansa. Наводно, ниту една од овие авиокомпании не ги исполнила условите од тендерот, или само повторно е обид да остане само Виз Ер пријавен на следниот тендер и пак субвенциите да одат кај нив. Не е така едноставно Туркиш или некоја друга компанија да почне да лета од Македонија, особено Туркиш како национална авиокомпанија на Турција. За ова што зборуваш, со што целосно се согласувам, ни треба национална авиокомпанија, како MAT на пример што ја имавме. Не е дека немаме потенцијал, само треба да се разработи и активно да се одржува (како Air Serbia, каков бум доживуваат како авиокомпанија и Белград како нивна база, неверојатно!). Меѓутоа сепак е факт дека за нас најдобра опција се нискобуџетните авиокомпании.
Обврска им е да направат но зависи колку време е одложен летот. Се надоместува со ваучер за храна и пијалок или преспивање. Не е гаранција и плаќање седиште ако имаат грешка во систем.