Не е грешка во систем, редовна практика на голем број авиокомпании е да прават overbooking и за жал потполно легално е. Освен рефундација или нов лет, сместување и храна, патниците имаат право и на компензација од 250-600 евра, зависно од летот.
Па никаде не кажав дека Виз ер е добар. Си видела ти колку пари е карта Скопје - Малта со Туркиш без багаж? 250 € еве груба цена. И то без багаж, а за Париз и др, градови не сакам да помислам. Од друга страна како компанија и како комфорт Виз ер потфрла многу, додека кај Рајан Ер имаш простор за нозете и не мора да доплаќаш за седиште со поголем простор. Башка седиште ако сакаш да купиш цените се од 4€ нагоре, а виз се 9€. Имам летано со Рајан Ер и сум позадоволна од Виз Ер. Затоа сметам дека треба да им се даде шанса,а имам информација дека имаат конкурирано во Мкд за субвенции.
Бубаче многу нормално да биде поскапа со Туркиш кога не е директен летот. Се враќаш во Истанбул па одиш за Малта. Јас зборев за директни летови и субвенции. Неможеш така да споредуваш.
Рајан Ер последно јавно искажал интерес за база во Скопје и летови од/ до Охрид пред 8 години, во 2015 година, меѓутоа не испадна ништо од тоа, многу веројатно поради Виз Ер и нивниот монопол врз нашиот авиосообраќај (70-80% од патничкиот сообраќај од/ до Македонија е генериран од Виз Ер). Виз Ер никако не сака да има сличен на себе конкурент во иста база и често прават проблеми ако дојде до таква ситуација. Последно во Босна и Херцеговина на пример, откако Рајан Ер најави дека ќе отвора нови рути до Тузла (каде Виз Ер веќе имаше база), од Виз Ер нагло ја затворија базата во Сараево и сите рути беа прекинати како одговор на доаѓањето на Рајан Ер во Тузла. Инаку можат да растураат во Македонија, посебно од Охрид. Како што се случи со Загреб, имаше апсолутен бум откако Ryanair отвори база таму лани. Има многу потенцијални рути, ама нешто ги спречува или едноставно не се заинтересирани, спијат на можностите (како EasyJet со Женева- Скопје, деценија се чекаше рутата и сега руши рекорди.). А за value for money се доста подобри од Виз Ер. Сепак треба и ТАВ да се активира малце повеќе и да привлече нови авиокомпании и рути. Срамота е главен град во Европа да нема директна конекција до метрополите на Европа (Лондон, Париз, Амстердам, Стокхолм, Барселона, Мадрид, Минхен, Рим, Милано), односно до главните аеродроми кои што нудат безброј конекции до цел свет. Уште немаме ни директна конекција со Франкфурт, ама за среќа Луфтханза конечно ќе лета на таа рута од април. Да не зборувам што не сме поврзани со Љубљана или Марибор, Сараево, Подгорица, Букурешт. Охрид веќе не е поврзан ни со Лондон Лутон, а Британците се меѓу најбројните туристи во Охрид.
Директен лет беше кога гледав, затоа што моментално нема директни летови Малта-Скопје па изиграваме светски патници. И Ер Србија лета а е 300€ повратна без багаж речиси.
При купување на карта онлине, после тоа како оди чекирање дали истото треба да го направам онлине или на аеродром исто и за назат, сакам да вадам повратен билет за 2ца за 3 дена треба да се враќаме. Немам никакво искуство затоа ме интересира да не заглавам некаде. Би бил благодарен ако некој ми објасни подетално.
Подобро онлајн, ако не грешам мислам можеш да се чекираш 2 дена пред летање (доколку не сакаш да купуваш седишта, туку да ти доделат рандом при чекирање).
Баш ги читав мислењата погоре за ова, катастрофа. Јас имам купено карти за април веќе, но не платив седишта. Можам ли сега да си купам седишта дополнително, и да си се чекирам уште сега?
Не знам дали може сега. Обично пред летот 48 часа е онлајн чекирање. Мене ми се случи да нема седишта, затоа кажувам, од искуство. Притоа на аеродром во Скопје на шалтер, велат "тоа не е наш проблем, ние не можеме ништо да направиме, решете го со Виз".
Ужасно, немам коментар навистина. Ми е жал што си имала такво искуство. Всушност кога се чекираше 48 часа пред летот немаше повеќе седишта? Или ти додели па потоа на аеродром настана проблемот? Супер, благодарам Бубаче.
Здраво, некој што патувал почесто за Лондон, знае која цена е поефтина? Од сега за јуни ми дава од 150 евра нагоре некако не очекував толку скапи. Исто и препорака за сместување со прифатлива цена да ми препорача.