Премногу се поскапени, последно куферот што го доплатив за горе ми беше поскап од картата... Иначе погоре и јас имав прашано пошто прв пат ќе одам со ранец така да можно е и да ти направат проблем за мала чанта, а може и не Види на интернет, во сите продавници за чанти и ранци, само внимавај на димензиите.
Здраво. Во петок патувам за Будимпешта. Одам само со рачен багаж. Е сега куферчето што ќе го носам е со димензии 43х33х20. Дали некој имал слично искуство и доколку би требало да се доплати колку би било?
Ако немаш виз приорити тогаш дозволената големина е 40×30×20 што значи дека ова што го имаш е преголемо и може да ти прават проблеми. Може и ништо да не ти речат, ама ризик е.
Мислам дека да, ама лесно можеш да пресметаш колку би те чинело со и без дискоунт клуб. Ги дава секогаш цените за двете опции. Башка, ти важи цела година, можеби неочекувано ќе ти затреба пак.
Дали е возможно чекирањето да почне од порано а вообичаено е 48 ч. пред лет? Бидејќи го сменија часот на летање сега гледам дека можам да се чекирам, ми ја дава опцијата. Малце ми е чудно. И дали при ова онлајн чекирање ти се доделува седиште ако немаш изберено?
Ако сакаш да ти е бесплатно мора да е минимум 48 часа пред лет и тогаш автоматски ти доделува бесплатно седиште. Ако сакаш да се чекираш порано од 48 часа пред лет, мораш сама да си избереш седиште, а со тоа и да си го платиш.
Фала многу. А кога ќе се чекирам два дена пред поаѓање на онлајн чекирање, ќе ми даде тогаш број на седиште така?
Добар ден. Имам еден "проблем" и се надевам дека ќе ми помогнете. Купив авионска карта за во јуни, меѓутоа одпосле видов дека пасошот ми истекува во август месец. Прашањето ми е колку пред време од истекот може да се извади нов пасош и дали ќе имам проблем со картата бидејќи е купена со сегашниот број на пасош или ќе биде доволно само да направам ажурирање на податоците на апликацијата од Wizzair? Ви благодарам однапред
Пасош можеш било кога пред истек да извадиш нов, само во периодот од кога ќе се сликаш за пасош дур да ти биде готов ќе ти го земат стариот пасош или ќе ти го издупчат и нема да можеш во тој период да патуваш. Кога купуваш карта не пишуваш број на пасош, бр на пасош се пишува при check in, а тоа е 48 часа пред лет за бесплатно или ако си платиш седиште 30 дена однапред, така да и за тоа немаш гајле.
Zdravo treba petok da patuvame do Slovakia so wizzair me interesira porano bese 2 saati pred let da sme tamu dali e seuste isto I dali baraat pcr testovi vi blagodaram