Здраво, се извинувам имам едно прашање дали знае некој Барав на друго место не најдов па се обраќам овде. Одам на 4/5/2023 за Виена преку WizAIr со мојата девојка и сакам да ја запросам. Како можам да пренесам веренички прстен од Македонија до Виена без да го уништат изненадувањето на check-in(скенирањето). Ви Благодарам однапред.
Гледај само прстенот да ти биде во ранец, а не на пример во џеб во тебе кога го поминуваш скенерот бидејќи тогаш може да свирне скенерот, па да проверуваат. Во ранец не би требало да има никаков проблем
Резервирав карти па после ми текна да погледнам пасошите. На син ми пасошот истекува на 01.08, а јас купив карти за 08.05 и повратна на 15.05. Нели имаш некое правило пасошот да важи уште три месеци? Ќе летаме од Германија до Македонија и назад, а он има Хрватски пасош. Дали воопшто да тргнуваме или може да има проблеми?
Здраво, им купув на моите карти преку мојот акаунт е сега дали ќе може да им ја испринтам потврдата дека имаат карти и со тоа да одат на аеродром или само пасош да дадат треба? како да направиме не знам, јас им ја покажував картата на апликација минатиот пат кога се враќав, ама кога се симнав на аеродром ми бараа потврда дека имам поврата и ја имав на тел ако им бараат нив како да направиме се мислам
Другар го имаше ставено во чорапи во куферот, а друг па во патиките внатре. Не им го уништија изненадувањето.
Купив прајорити карта, и на страната на виз пишува 10кг ранец и 10кг мал куфер. Е сега може ли ранецот да биде со помала тежина од 10, а куферот со поголема ама до 20 кг вкупно или морам така како што е пишано?
Така како што е напишано. Wizzair многу обрнуваат внимание на тоа. Ако ти отстапува се ќе ти наплатат дупло.
Дали следува нешто обештетување ако авионот прво каснеше 2 саати за полетување па после наместо во Скопје слета во Солун каде што со саати чекавме автобуси за да не вратат за Скопје ? Наместо во 7pm дома стигнав во 6аm,
Зашто слетавте во Солун?! Вчера слетав во Скопје и нас ни каснеше авионот и каша попара беше. Мене ми го скршија куферот. Ако е повеќе од 3часа следи обесштетување ама за 2 часа не, ова од искуство дека јас еднаш барав и ме одбија.
Пилотот кажа дека демек многу ветер имало, ама јас како што видов супер беше вчера времето а и на многу полошо време ветер дожд претходно имам слетувано… нешто спомнуваа другите патници дека каснеше може немало место каде да слета или нешто такво… ама буквално веќе беше слетан во скопје, уште фалеше да допре до земја, кога одеднаш пак почна нагоре да лета во солун на полноќ не истоварија од авионот, минавме пасошка контрола и не избркаа надвор да чекаме со саати автобусите да дојдат од гевгелија…
Тогаш и јас слетав на полноќ, да, имаше ветер пред слетување се нишаше авионот ама слетавме сепак. Свашта значи, како сакаат така прават.
Некој што патувал скоро само со рачен багаж (ранец), колку течност може да се носи? Знам дека треба да е во амбалажа до макс. 100мл, но дали има ограничување во поглед на вк. милилитража?