1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Wizzair

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Goldeneye, 11 јануари 2013.

  1. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Знаете дали има одредени димензии на куферот за wizzair od 23kg и кои се? И уште нешто, пред некој ден купив карти за Барселона и со тоа и wizz Discount Club картичката и сега само што се упалив од мојот акаунт и во мои резервации ми пишува дека не се најдени мои резервации и дека се сочувуваат за време од една година и најмногу 20 ( а јас за тој период имам неколку) ама и тие ги нема и оваа последнава за Барселона и + ми вика не сте зачленети за wizz discount club. не знам што е проблемот стварно
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    @smajlii чекираниот багаж нема димензии, тука е битно само да ја запазиш килажата. Картичката за попуст трае една година, да не ти истекла во меѓувреме? Картите кога ги купи?
     
  3. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Значи ќе можам и поголем куфер да носам :D се спремам за шопинг:) Картите пред 3-4 дена ги земав и тогаш ја купив картичката заедно со картите и затоа ми е чудно што ми ги нема картите во мои резервации и ми вика дека немам картичка
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Хмм, чудно ми е ова :?: Јас во контакт центарот за информации не сум се јавувала, едино таму да прашаш, или па да ја побараш резервацијата според шифрата.
     
  5. karmenka

    karmenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    62
    @smajlii А на меил ти стигна потврда? Ако ја имаш шифрата, побарај ја во мои резервации како што те посоветуваа погоре. Ако не, јави се на бројот, одбери дали на српски или на англиски ќе разговараш и ќе ти помогнат. Само имај на ум дека ќе потрошиш 5 мин. сигурно, а ваљда знаеш колку им е минута.
    Како и да е подобро вака отколку да ти пропаднат картите.

    За куферот и јас потврдувам дека не ти требаат димензии, само килажата пази си ја.

    Леп провод и добар шопинг :)

    П.С. Другарка купи, сега кога им беше попустот, повратен билет Скопје-Барселона за 1100 денари. ;(
     
    Последна измена: 2 декември 2015
  6. smajlii

    smajlii Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    @karmenka Се извадив од памет вчера, ама добро ја најдов резервацијата со шифрата, во сметката ми пишува дека сум купила картичка ама пак не ми ја вади дека ја имам, али битно картите се тука, па ако одам пак негде со нив тогаш ќе се јавам да реагирам на бројот. Фала ви многу :)
     
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Едно инфо: Визер ќе воведе три нови дестинации од март месец, кон Берлин, Братислава и Копенхаген. Карти можете уште од сега да купите, со почетна цена од 599 денари.
     
    На Tanjamm, ivancekitty, Mama25 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. flower_lover

    flower_lover Нов член

    Се зачлени на:
    23 декември 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки, ми треба ваша помош. Во недела патувам од Скопје за Нумберг Германија, на летот пишува дека е потврдено чекирањето но не ми дава да испечатам карта. Направив потворно чекирање и пишува дека не е можно пријавување преку интернет на овој аеродром, дали некој од вас имал некакво искуство, дадете некој совет.
    Ви благодарам
     
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.426
    Допаѓања:
    24.822
    Околу 90% сум сигурна дека печатењето за овој лет ќе ти биде направено на аеродром без доплата.
     
  10. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    ^ Нема бординг пас за оваа релација со WizzAir.
    На аеродром ќе ти дадат без доплата откако ќе го приложиш пасошот.
     
  11. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.194
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае ако летот е пренасочен на пример место Скопје да слета во Приштина или Охрид ќе има организиран превоз од таму или патниците сами ќе треба да си се снајдат?
     
  12. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    808
    Допаѓања:
    2.592
    Лошо искуство...
    Минатата година со другарка ми купивме карти до Дортмунд. Бидејќи мојата кредитна картичка беше со поминат рок, другарка ми со нејзината картичка изврши плаќање на својот и на мојот авио билет. Нормално, за мојот билет, ги внесе моите лични податоци, како и број на пасош.
    Кога дојде време да ги испечатиме билетите, видовме дека на мојот билет го пишуваше нејзиното име и презиме, но мојот број на пасош, по што веднаш свртевме во контакт-центарот на Wizz-air и нормално никој не ни крена...
    Кога го прочешлавме нивниот веб-сајт, видовме дека за тоа се јаде казна, и дека јас морам да извршам промена на име која ме чинеше околу 50 евра - дупло повеќе од мојот авионски билет ...
    Башка што летот каснеше некои 2 часа и авионот беше нечист...

    Така, јас сакајќи да патувам за 20 евра, фино-лепо си платив 70....
     
  13. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Јас отворив акаунт на њизер и со моја кредитна картица сум купувала карти за моите родители, за моја братучетка па дури и комшивката :)))
    Нешто не е внесено како што треба, но факт е дека не креваат на телефон за помош или не дај боже грешка во буквите
    Јас сум имала лошо искуство на аеродром околу багаж, за екстра куфер мене ми наплатија 1250 ден, на моја другарка 600 или 800 беше а нејзиниот беше поголем од мојот
     
  14. Smizzy

    Smizzy Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    4.150
    Пол:
    Женски
    Дали знаете за патување со мало дете (под 2 години) дали е дозволена количка и транспортер да се носи (транспортерот се става на количката). Еднаш патував само со транспортер и до во авион го носев, тука им го предадов на стјуардесите, но сега сакам и количка па незнам да не ми прават проблем.
    Има некоја искуство?
     
  15. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.194
    Пол:
    Женски
    Не сум се нашла во ситуација како твојата но сакам да споделам :) имам видено на аеродром количките како ги пуштат по лентите за чекиран багаж (големите куфери) па мое мислење е дека да, можеш да земеш но постои шанса да ти наплатат исто како со куфер да си. Восекој случај, јави се и прашај си да си знаеш. :)
     
    На Smizzy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.426
    Допаѓања:
    24.822
    Може некој да ми објасни како да купам стандардно членство? Гледам на страната, најдов само општи информации, никаде не можам да најдам каде се купува. Ептен сум ќорава изгледа...
     
  17. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Кога ќе ја купуваш првата карта имаш опција да додадеш и членство.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  18. D&&&M

    D&&&M Активен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2016
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj znae od koga moze da se kupat eftini bileti za Praga
     
  19. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Девојки едно прашање ќе ве молам ако некој знае да ми одговори ,дали веќе купени карти на виз аир може да се заменат за друг термин ?
     
  20. mjau.mjau

    mjau.mjau Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    13
    Може, ама мислам дека промената ти е многу скапа и подобро ќе ти се исплати да си земеш нови карти... Ваквите нискобуџетни компании на тоа заработуваат (промени, багаж...) сепак провери си таму каде што ги имаш извадено картите
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.