Здраво девојки. Ако може мала помош. Имено, поднесов жалба до Wizzair (го пополнив нивниот образец за жалби) за компензација на средства поради одложен лет од повеќе од 15 часа. Проверив сега на апликацијата и во статус само ми стои 'Жалбата е разрешена' без никакво дополнително објаснување. Дали некој знае што значи ова и каде би требало да се обратам за понатамошна комуникација? Ви благодарам однапред
Можеш да ги купиш заедно картите и да имаш различен багаж за патниците. Мислам дека треба да има опција да селектираш дали сакаш истото за двајцата да биде, доколку го тргнеш тоа, ќе ти даде опции посебно за багажот за секој патник. Приорити би требало да ја имаш достапна исто така, со тоа ќе имаш и куферче од 10кг.
Zdravo lugjenca Prv pat patuvam so avion (so wizzair) pa imam nekolku prasanja, ve molam za odgovor. Me interesira vo kufer sto e dozvoleno, potocno za licni raboti (dezodorans,parfemi,cupalica,sampon,gelovi,lekovi) dali e bitna gramazata i sto moze vo racen bagaz da se stavi? Vi blagodaram odnapred na site❤
Ако оди со тебе во авион/рачен багаж, мора да биде во шишенца не повеќе од 100мл. Не сум сигурна за ако оди во багаж што го оставаш посебно. Кога ги пакуваш шишенцата, пакувај ги во проѕирна ташничка што затвора убаво, или алтернативно, можеш во вакви ќеси за замрзнување. Ова е за полесно да може да видат што има во рачниот багаж кога проверуваат.
Чупалица смееш да носиш. Шминка може, ама се што е во течна состојба (парфем, дезодоранс, креми и слично) мора да биде во пакување до 100 милилитри и сите течности мора да ги собереш во една прозирна кесичка за замрзнување (вкупно течности до 1 литар смее да се носи ама се по 100 милилитри). За рачниот багаж исто води сметка дали имаш право на куферче (ова се доплаќа) или само со ранеџ патуваш.
Дали течности со повеќе од еден литар соодветно спакувани во кеси може да носам во голем куфер долу, не со мене како рачен багаж?
Можеш колку сакаш во куферот што оди долу во авионот. Можеш и да не ги спакуваш во кеси, ако ти се купени, неотворени.
Здраво, дали на некој му се има случено да внесе друга адреса од таа во пасошот ? Имено, не живеам во Македонија и несвесно си ја внесов адресата кај што живеам моментално а на пасошот ми е нормално адресата од Македонија. Дали ќе имам некаков проблем? Освен тоа платив и за ауто чек ин.
Не. Ти живееш надвор од Македонија. А сигурно и кредитната картичка ти е на адресата во странство, но тоа нема врска. Нема да имаш проблем.
Супер, фала ти многу и јас искрено се надевам дека нема да прават проблем. Најмногу ми беше поради тоа што нели се внесува ID бројот од пасошот, а чек инот ми е автоматски па викам тука да не се направи некоја збрка, да не има проблем за чекирање. Фала ти уште еднаш.
Јас ти препорачувам чанта со лични работи па таму стави си чоколади. Така направив јас пред еден месец и имаше многу луѓе со ранец и своја чанта.
На wizzair пишува дека димензиите за рачен багаж (ранец) се 40x30x20, но овој јас што го имам е 45x30x11 , ќе прават ли проблем за 5цм , и дали воопшто ги проверуваат димензиите?
Ако е мек и може да се свитка не се замарај. Мерењето е ствар на среќа, некогаш мерат кај нас некогаш не, некогаш мерат на странски аеродроми, некогаш не. Знаеш ли како изгледаат местата за мерење? Ако сметаш дека може да се пикне во долниот дел на ова, немаш гајле.