Дечки знае некој за откажување на карти каква е процедурата? Ја рефундираат сумата или? Имал некој вакво искуство?
Ако ги откажуваш ти, ништо не враќаат. Ако тие ти ги откажале, ќе ти пишат меил и ќе ти понудат дали сакаш да те рефундираат со пари или како кредити што ќе можеш да ги користиш за следни летови.
По повод годишнината, авиокомпанијата им нуди на патниците попуст до 19% на сите летови во мрежата на WIZZ*, без оглед на дестинацијата или избраниот период на патување. Билетите со попуст се достапни само денес, 19 мај 2023 година. https://frontline.mk/2023/05/19/wiz...st-na-site-svoi-letovi-po-povod-godishninata/
некој што користел ваучер добиен со трчање на маратон,колку време важи ваучерот после трката? неколку месеца,година?
Ако може да ми кажете која би била картата за влегување во авион ако не е оваа? Прв пат купувам сама па незнам, ги превземам картите каде што пишува и се спушта документот каде што пишува ова не е карта за влегување во авион тогаш каде да ја најдам картата за влегување...не ми излегува друго
Trgnuvam so racen bagaz l, Dali smeam da nosam pudra ili? Inaku na vrakanje sakam da zemam kufer. Kolku bi me kostalo otprilika zasto kartata mi e cekirana so racen bagaz samo.
Здраво, доколку при купување на картата се докупи и автоматско пријавување, тоа значи дека не е потребно онлајн чекирање 24 часа пред летот? Фала ви однапред за одговорот
Здраво драги членки. Ми треба вашата помош. Прв пат патувам со авион и стварно не знам што точно треба да направам. Се изначитав се по сите страни Патувам викендов со ранче, па дали може подетално да ми објасните што точно треба да се направи на аеродром, како одат чекорите? Фала ви нааајмногу
Штом патуваш со ранец немаш некои посебни процедури. Пред да идеш да аеродром (во рок од 48h. претходно - доколку не си купила седишта) ќе си ја чекираш картата електронски на апликацијата од визер и ќе ја добиеш картата за лет - треба да пишува boarding pass. На неа имаш број на седиште и број на лет и баркод. Си ја носиш со тебе на аеродром (електронски или испринтана) и стигнуваш 2 саати пред лет, ја куцаш картата (баркодот) на апаратчињата доле пред ескалаторите и се качуваш на пасошка контрола, ја поминуваш и одма продолжуваш на скенер каде ќе поминеш посебно ти посебно ранецот и се од накит, саат, каиш што имаш на себе и после си идеш накај твојот гејт и чекаш да се отвори па да си чекаш ред за влез во авион.
A може да купи и и автоматско пријавување чим лета прв пат , на меил ќе ти ја испратат картата 50 часа пред летот и пак исто како што е напишано ја скенираш @Klara10