Здраво дали има врска ако живееш во германија повеќе време со бугарски пасош а купиш карта и внесуваш дека ќе патуваш со македонски пасош дали тоа е проблем ?
Ова не е точно. Треба да ти биде целосната димензија, со се тркалата 55цм. За 2 цм нема да прават проблем, ама зависи кој ќе се погоди на шалтер. Во Скопје може нема да прават проблем, ама од другиот аеродром за назад, можно е. Јас не би ризикувал, би си земал или помал куфер/ранец, или би си доплатил за поголемите димензии, т.е чекиран багаж има огромни димензии, така да тој куфер би одел доле. Ако ти прават проблем, може да те чини 50 евра од лет, а да доплатиш за чекиран багаж можеби е 20-30. Е сега, ако ти направат проблем, ем ќе платиш 50 евра за еден, или 100 за двата лета, а ќе носиш мал куфер и ништо нема да ти собере. Или ќе си платиш 60 евра за двата лета, ама ќе носиш куфер колкав сакаш, и сѐ ќе ти собере. Не мора да значи дека ќе ти прават проблем, ама не е дозволено. Исто како проаѓање на црвено како пешак. Ретко кој прави проблем, ама ако се запне некој полицаец, тогаш следува казна.
*Дозволениот багаж не ги опфаќа рачките/тркалцата на торбите; сепак, тркалцата не смее да додаваат повеќе од 5 cm на димензиите на торбата. Ова ми е копирано од страната на Визер. https://wizzair.com/mk-mk/information-and-services/informacii-za-patuvanje/bagaz
Кармини, маскара итн..дезодаронс на Алое , серуми за лице ( колаген и Јал) - во прилог слики како изгледаат - смеам во просирно кесе ? да не ми направат проблеми или? За да земам од дома јадење пред да полетам до каде можам да носам, до порта додека чекам или баш мора до шалтер?
Супер фала ти многу, оди секако долу .. чекиран ми е 20кг куфер, само проблемот ми е дали све мора во просирно кесе или општо ?
Ако не ти е проблем може да ми пишеш лп да не ја полнам темата оф топик ? Немам опција за да ти пишам
Досега, не ми правеле проблеми за храна никогаш (барем не со Wizz, иако на различни дестинации). Ретко се случувало да имам сендвич/крофна/апетисани и не ми правеле проблеми ни на скенер, ни горе во авионот кога сум јадела. Не знам дали тоа е затоа што не е забрането или прогледувале низ прсти искрено.
Дали некој сега брзо патувал за Швајцарија или знае некој што бил? Ова ми го дава кога пробувам да се чекирам..Дали треба виза? Мене луѓе што биле ми кажаа дека не треба...Сега читам на нет дека треба некаква ETIAS visa... Ве молам ако знае некој нека ми помогне, во понеделник сабајле летам