Ова важи и за бесплатниот рачен багаж или?, јас уште се предомислувам дали да тргнам со школскиот ранец од ќерка ми кој е 2см.повисок од дозволеното. Страв ми е за 2см да не морам да доплатувам, ама ако важи ова со тркалцата таман тие 2,3см како тркалца да се. Некој друг со искуство ?
Не би требало да имаш проблем доколку ранецот е 2цм повисок, ако не е преполн може и да се "натутка" и да биде во димензиите.
Нешто разбрав, дека може да има промени во летот. Ама некој што знае добро англиски да ми каже што пишува?
Од 12ти до 23ти нато имаат воени вежби и можно е да има одложени летови. Ќе си следиш на страната на визер и ќе гледаш на меил дали има некоја промена.
Ќе имаат воени вежби, ако ти е откажан/презакажан летот ќе добиеш порака на телефон. Но, да напоменам само ако е поместен за сат повеќе чекирањето ќе биде по регуларно време што значи до летот ќе чекаш саат време плус од предвиденото.
здравоо да ве прашам скопје меминген и меминген скопје секој ден има летови??? дали и кај вас е така? проверувам од лаптоп и од телефон.. можам за било кој ден од утре до крајот на летото да резервирамм.. доколку резервирам мислам дека има големи шанси да не се реализира летот
незнам што да правам.. ако резервирам незнам дали ке има лет или не ? патувам само еден ден.. денес одам утре се враќам..
Да, секој ден има летови и не е спорно ништо, без грижи, нема зошто да не се реализира летот. Летовите си се редовно закажани одамна. Од зимската сезона на летање која што претстои (2023/24), односно од 29 октомври фрекфенцијата на летање до Меминген во Германија од Скопје ќе биде зголемена на 9 пати неделно, од сегашните 7 пати неделно. Во случај на откажан лет, што може да се случи со било кој лет во многу ретки случаи, имаш право на оштета, плус авиокомпанијата е должна да те презакаже на друг лет или да ти обезбеди смештај до следниот лет ако треба да се чека.
Ти благодарам НАЈЈЈЈМНОГУ не знаеш колку ми помогна овој одговор. Со скриншот се шетав низ аеродром и 100 пати си кажав која и е да е членката што ми ми помогна, тродупло да и се врати со убаво Сега ми треба уште една помош. Каква е постапката со Wizz priority? Со ранче и куферче 10 кг што оди со мене горе ?
Истата постапка е, само куферчето го ставаш во просторот наменет за багаж над седиштата, ранецот под седиштето пред тебе. Или ако сакаш може долу на чекин да го оставиш куферот и да ти го стават во чекиран багаж, тогаш после слетување одиш на baggage claim и го чекаш на траките што ротираат.
Нема на што, мило ми е ти посакувам многу летови и патувања! Со wizz priority e како што ти пиша @Estranged, а јас до сега кога сум патуала со priority секад сум си го зимала куферчето горе у кабина
Дечки, а дали може да понесам една штека цигари во ранче - рачен багаж со мене горе? Немам чекиран багаж. Фала ви!
Фала уште еднаш на сите последно прашање: ако си го земам со мене горе и куферчето дали директно одам на апаратчињата со електронска карта за да поминам или морам првин на шалтерот визз?
Ако имаш boarding pass можеш директно горе, ако ти пишува this is not a boarding pass (ова не е карта за влегување во авионот) тогаш мораш прво на шалтер за да ти издадат карта.