Ако си носиш шише и ако водата на аеродромот се пие можеш после контролата да си го наполниш шишето во WC и да го внесиш во авион
Здраво. Ќе патувам со Wizz Air и имам право само на ранец(оној бесплатен што следи со купување на карта). Дали ќе можам покрај ранецот да земам сламена ташна за плажа со средна големина(26х43) или ќе ми прават проблеми? Ве молам одговорете ми ако сте имале слично искуство.
Може да ја носиш како ташна за на рамо, многу пати сум летала со Виз ер и со ташна на рамо и покрај рачен багаж не ми направиле проблем.
Мене денеска ми го откажаа летот од визз и тоа два часа пред поаѓање. Прв пат ми се случува да ми откажат лет и сеа не ми е јасно баш дали можам да си ги повратам парите и како да го направам тоа?
Да, во меилот кај што те известиле дека е откажан би требало да имаш инструкции што понатака. Мислам дека има опција да презакажеш лет или да ти ги вратат парите (сумата што си ја платила + 20% екстра на виз сметка, или целосната сума на банкарска сметка). Освен тоа, зависно од дестинација и причина за откажување може да те следува и дополнителна компензација, за неа се пополнува формулар на сајтот на виз.
Ве молам за инфо, чекираниот багаж, кои димензии може да е, тежина и колку чини во два правци? И колку чини приоритетен?
Цената на багажот никогаш не е фиксна. Картата може да биде 10 евра, а мал куфер да чини 70 евра или обратно. Димензиите за чекираниот багаж се 149 x 119 x 171 cm*. За вистинската цена на гажот ќе си видиш кога ќе купуваш карти.
Првпат ќе патувам со бебе од Париз-Бове за Скопје. Ќе носам компактна количка што се склопува. Знам дека количката може да се носи до самиот влез на авионот (имам видено кога сум патувала предходно), само не знам каде треба да ја земам кога ќе стигнам во Скопје. Дали ќе ми ја дадат кога ќе излеземе од авионот или треба да ја земам од лентата за куфери што е? Дали количката да ја ставам во некаква торба или некоја заштита кога ќе ја предадам за да не се оштети? Сум читала дека многумина си ги земаат количките оштетени/скршени, кое е вашето искуство?
Кај што ги чекаш куферите, таму и количката. Еднаш ми се има само случено да ми ја дадат на излез од авион ама не летав тогаш со Wizz. Ако сакаш да си ја заштитиш стави си ја во торба. До сега по толку летови не ми ја скршиле количката, а има гребнатинки, но не е нешто страшно и не ми смета.
чекираниот багаж за ВизЕр 149 x 119 x 171 cm не е некако премногу? И дали се смета само како еден куфер, или може да се два и вкупно да се толку? Ако е само за еден куфер каде може да се најде таков?
Тоа е максимум димензии, а ти можеш да носиш и ташниче ако сакаш. Чекираниот багаж се плаќа по парче, не по вкупни димензии.
Да ми препорача некој од каде да си купам убава торба/ранец со димензиите на бесплатниот рачен багаж? Ама да е некаде низ Скопје, бидејќи ми треба за брзо време, од интернет не знам дали ќе стаса на време
Дали во багаж може да се носат лекови таблети, пегла за коса? И каде може лаптоп дали во багажот или во кабинскиот багаж?
Прв пат ќе купуваме карти за бебе. Сакав да прашам, дали доколку се одлучиме да купиме седиште и за бебето и седи во транспортер, при купување на картата го ставаме неговото име или Инфант?