Ако можеш да се спакуваш само во куфер, тоа ти е уште подобра опција да не носиш рачен багаж само да ти тежи Во рачен багаж обично носам електроника и она за што не сум имала место во куфер ставам во рачен
Здраво. Сакам да прашам дали некој досега има летано за Шпанија-Мадрид? Гледав на страната на Wizz air нема директен лет...
Зависи од летот. Во сезона, особено на летови со прекачување, губење (или покасно добивање) на чекиран багаж е поверојатно, така да јас секогаш си носам и ранец кога ми е вклучен рачен багаж. Основна козметика(мини средство за миење лице и крем, четка за заби), пар чиста долна облека, чорапи, маица, дезодоранс. Better safe than sorry.
Здраво Имам едно прашање, втор пат ќе патувам со авион но не ми е јасно едно нешто, картата ми е обична со рачен багаж, дали можам место ранче да земам мало куферче а да немора да доплатувам или да платам wizz prioriry? Ми имаат кажано дека можам но видов тука различни одговори дали може некој конкретно да ми одговори, патувам за 2 дена на одмор па ми треба брз одговор за да знам во што да почнам да спремам дали куферчето или ранец од школо
Доколку куферчето ти е во рамки на дозволените димензии за free рачен багаж, можеш да го земеш. Доколку е поголемо, како ќе им текне, ама големи се шансите да треба да доплатиш. Бесплатно ти следува рачен багаж со димензии: 40x30x20 cm.
Imam edno prasanje utre ka patuvame so wizzair od Belgija za Mk imam since 2 meseci denes mu izvadivme paten list i vazi do 22/09/2023 ama bebeto ne mozam da go prijavam imam problem treba da vazi podolgo izgleda dali znae nekoj sto e problemot ?
Pa neli treba da se cekiraat biletite i vo poleto kade sto treba da se vnesi do koga vazi dokumentot ne mozi da go vnesam 22 septemvri
Јас летав со патнички лист исто, со друга компанија и немав проблем никаков. Пробај да контактираш некој од Wizz. Дали имаш можност да одбереш тип на документ?
Може некој да ми ги објасни овие димензии? 40 × 23 × 55 cm (Length × Width × Height) Дали мора да е баш така или вкупно се смета, на пример да е 35 х 22 х 61?
Тие се максималните должини за секој параметар. Значи по должина/висина мора да е максимум 55 cm. Не може да е метро, ама да е тенко како цевка. Кој и параметар да го имаш, не треба да е повисок/подолг/подебел од 55, од 40 или од 23 цм. Во твојов случај, димензијата 61 отстапува за 6 цм од максималната дозволена димензија.
Здраво. Закажав лет онлајн, ама нешо ме фаќа паника дали сум направила се ко шо треба. За неколку дена сум со рачен багаж бесплатен. Димензиите ги знам но мора ли ранец? Читам може и торбичка со тие димензии ама да не ми бараат да доплатам, и дали смеам барем 3 кутии цигари во рачниот? И дали освен рачниот можам и мала ташничка за телефон пари?
Можеш и торбичка со тие димензии ако сакаш, обично не ги мерат и имам видено и многу поголеми ранци од што треба луѓе да носат. Тоа највеќе зависи од персоналот на аеродром. Мислам можеш и мала ташничка за пасош и пари, евентуално доколку прават проблеми со палто покриј ја и ќе влезеш. Како што кажав се зависи до персоналот. Пр. во Рим им бараа на луѓе да доплатат за мали ташнички (ги сметаа како посебен рачен) или да ја стават во ранец мораа, а во Будимпешта на неколку им рекоа да го измерат рачниот (мада им беше навистина поголема торбица) За цигари не сум сигурна, никогаш немам носено, ама мислам дека можеш до 2 штеки.
здраво Сакам да ве прашам за check in на картата мора 24 часа пред летот или може и порано... Утре летам и имам направено чек ин пред неколку дена и сега незнам дали се е во ред со картата.. летам германија кон мкд