Мислам дека за Германија нема он лајн чекирање, мораш на аеродром. Ама можеш да се јавиш и да прашаш на скопскиот
Лета од Германија за Скопје, така да мислам дека може да се чекира 24 часа пред лет. Ако имаш избрано седиште, мислам дека све е океј.
Јас имам опција за онлајн чекирање дури месец дена пред летот. Дали е паметно да се чекирам толку унапред или да почекам? Исто, ако се онлајн чекирам и ако летам без багаж (само ранец) треба да идам кај чек ин да ми проверат документи или нема потреба?
Ако се чекираш 24 часа пред летот, тогаш е бесплатно. Проверка на документи има на летовите до Германија и Британија.
При патување со бебе, количката што ќе ја носиме и ќе ја предадеме пред влегување во авион, дали треба некаде да ја најавиме и како? Бидејќи сега се чекирав онлајн и никаде не ми даде таква опција.
Дали смеам да носам 2 пијалоци по 250ml во торбица и чоколади 10тина (wizz priority) притоа несакам торбицата да е со мене туку сакам долу да ја пуштам како check in багаж. Дали е тоа возможно?
Можеш да ја пуштиш во чекиран багаж доле, мене не ми правеле проблем. Дали сега ќе се бунат, не знам, но не би требало. Им одговара да оди било кој куфер плус доле, повеќе место ќе има горе во авионот
Колку е дозволени кутии цигари во рачен багаж бесплатниот? И ми кажаа дека нема потреба на шалтер да идам кога ке стигнам на аеродром туку веднаш да се качам горе по скалите? Дали некој летал скоро само со рачен багаж и како оди процедурата?
Количината на цигари не е врзана со багажот, туку со царинските правила. Можеш една штека = 10 кутии цигари да носиш во ЕУ, колку што сум информиран. Ако леташ за Германија, најверојатно треба да одиш на шалтер да ти извадат карта. Ако не, мислам дека можеш директ да одиш накај безбедносна и пасошка контрола.
Пред некој ден избрав пријави се сега, имам избрано и седиште но дали треба да изберам повторно пријави ме автоматски или нема потреба, и дали истото треба да го направам и за назат пред време ?