Ако си доплатиш за седиште ќе сте заедно ако не, ептен треба среќа да имате за да ви се погоди едно до друго. Инаку ние така со другарка кога патувавме за Швајцарија, на луѓето на аеродромот кога ти ги даваат картите им кажавме, т.е ги замоливме ако може да сме заедно и они гледаат ако има шанса може да ве стават заедно. Се случувало така во случај да е авионот не целосно пополнет или да има луфта место.
Јаа си носев лекови во рачен багаж, но за секој случај си извадив извештај од матичен дека морам да ги носам тие лекови со мене. Немав никаков проблем.
Дали некој имал ситуација на доцнење на летот повеќе од 3часа, и за тоа добил поврат на средства при пишување на пријава кон Wizz Air?
Дали знаете течностите горе во ранец дали е одредено колку парчиња треба да се? Пр. 10 шишенца од 100мл, до 1л? Или нема врска, важно до максимум 1л, и не повеќе од 100мл по парче? Бидејќи јас имам повеќе од 10 парчиња, а се мали и не стига ни до 500мл. И дали тука ги вбројувате паста за заби, маскара, кармин, кремите? До сега се во куфер ги ставам, ама овој пат прв пат само со ранец патувам и не знам како да го организирам овој дел, да не треба за џабе нешто да ми фрлат.
Здраво, прв пат ке патувам со авион дали може информација купив карта и резервирав седиште, колку дена однапред може да се чекира карта и на кој начин се врши истото?
Од мене препорака за паста за заби, јас никогаш не носам од тука, исто и шампон, купка и сл. Таму кога ќе стигнам, ги купувам во тамошен маркет, ги користам тие денови додека сум таму, и после ги фрлам. Да не ми зафаќаат место во куфер
Исто помислив, за некои работи што не морам да ги враќам, да не се тегнам со ситнурии. Фала многу за совет
48 часа пред лет можеш да ја чекираш без наплата на седиште ( односно седиште по случаен избор) Доколку сакаш да си избереш седиште ( со допплата е ) можеш кога сакаш да чекираш
Со резервирано седиште 30 дена пред лет, со рандом доделено 24 часа пред лет. Одиш на сајтот/апликацијата кај резервацијата, кликаш Check in (Пријави се) и самото тоа ќе те води низ процесот.