Благодарам.. Одиме цела фамилија така што имаме 4 ранци.. Знам дека не може сирење, претпоставувам заради водата во него?! Благодарам уште еднаш на одговорот
Па види, ако е некое од тие тврдите вакумирани без вода и може. Исто, горе на аеродром кога ќе ги поминете сите формалности од фришопот може да купите и да понесете што сакате. И флаши алкохол и било какви течности може.
Имам купено повратна карта пред месец дена, дојдов во Мк со пасош на Р.Македонија, тука извадив нов поради Северна Македонија, дали можам да ги носам двата пасоши или морам да направам промена на број на пасош.. Се надевам дека добро објаснив..
Доколку се направи профил на Визер нема дополнителни плаќања за користење на профилот? Само после тоа има некои привилегии при купување на карти?
Повратната карта чекирана ти е ? Ако не ти е чекирана ги ставаш податоците од новиот пасош. Ако ти е тогаш најверојатно ќе треба да направиш промена
Успеа да ја откажам резервацијата немаше никаква опција за fee, помина една недела никакова повратна информација не добив на меил???
Ни јас не добив никаква информација кога си го откажав летот, на каква повратна информација конкретно мислиш?
Дали е ризично ако при купување карта изберам да ми дадат random седиште наместо да доплаќам јас да бирам? Страв ми е пошто немам искуство и не знам дали е можно ако е пребукиран летот да си го изгубам местото затоа што не сум го избрала (пошто со таа опција check in e дозволен само 24 сата пред летот, не повеќе). Не ми се ич доплаќа за седиште..
Никогаш не сум доплаќала на виз ер за седиште. Ако не избереш ти они ќе ти доделат некое рандом и готово. Нема никаков ризик ниту имаш зошто да се плашиш, тебе картата ти е купена, и нема врска со седиштето.
Не е ризично, ти ја купуваш картата, нема како да те избркаат од летот. Плаќаш ако сакаш некое специфично точно место, да си го одбереш, и тоа ако некој пред тебе не го одбрал. Или ако одиш со некого да седите еден до друг. Инаку нема никаков ризик
Да точно, седиштето е по твој избор ако сакаш да го избереш инаку немаш потреба да доплаќаш. Картата ти е купена и со тоа е загарантирано твоето место на авионот. Уживај
Па и да и не, зависи од колку е букиран авионот. Мене со виз ми се случи да не доплатам за седиште, а летот беше пребукиран и требаше да чекам последна, во случај ако некој не дојде, да можам јас да имам седиште. Од тогаш секогаш доплатам за седиште.
Јас седиште купував секогаш, додека беа разумни цените за истото, пошо avgeek, па морам да седам до прозор . Е летото апсолутно не ми се даваа 1300ден. за седиште, кога картата беше 1500ден., па рандом си добив седиште помеѓу две други . Сепак, кога влегов во авионот си побарав дали е можно да добијам друго седиште, секако до прозор, и стјуардесите беа супер, па си добив седиште до прозор. За овој луксуз чекав да влезам последен во авион Иначе ако ти е повеќе од аспект на тоа дали ќе бидеш фаворит за оставање ако е пребукиран летот, а не си резервирала седиште, не - нема, барем колку што сум јас запознаен, нема врска тоа. Седиште секако ќе добиеш за време на чек ин - от, евентуално журка после може да има на аеродром, ама не му ја мисли, ретко се случува тоа, особено ако не патуваш на лето. А и да се случи гледај на позитивната страна: бесплатен хотел, ваучер за оброк, друга авионска карта + оштета од 300€ до 600€
Да точно се согласувам. Јас сега за нова година ќе одам во Австрија и гледав со дечко ми да седиме заедно двете седишта 2100 у еден правец хахаххаха. Абе нема грешка толку скапо. Лани патувавме со рајанир за во Австрија си ги селектираш местата и ти се вклучени во цената. Цела група од факс седевме еден до друг.
Со виз нема бесплатен хотел и слични работи. И да, може да се случи ако немаш седиште кога идеш на аеродром на шалтер да се чекираш да ти кажат дека нема место во авионот. И не се случува само во лето ова.
Знаете дека на еден лет немав земено седиште Летот фул продале повеке карти од колку шо има седишта авионот играејки на карта дека сите нема да се појават Погодите што??? се појавија сите патници и за човекот немаше место и за уште неколку не само за него Му дадија две варијанти да спие у хотел со јадење и да чека следен авон или да го кацат на авион у околин ашо него му одговара Он одбра да слета у Софија од 50тина купени такви карти само овој пат се деси ова Можно е не пишувајте дека не е можно ретко ама можно
Мора да има, ако летот оди кон или поаѓа од држава членка на ЕУ. Дали го обезбедуваат или не, не знам, ама секој оштетен патник има право да си го побара тоа. Инаку знам, затоа реков журката може да биде на аеродром, и сепак најчесто се случува во сезона летовите да се пребукирани, т.е. на лето, и евентуално околу Божиќ.
Дали може друг да ти ја купи картата на виз аир иако не патува со тебе? И при купување на картата дали треба веднаш да се внесе број на пасош или се внесува при чекирање?
Може. На маж ми картата ја купи еден комшија. Ние му дадовме пари. Број може да се внесе при чекирање. Битно да се напишат податоците од тој што патува.