Нормални се? Дали ако се точно 20 кила може да направат проблем? Нашите беа со 2кг помалку. Сакаат моите да доаѓаат па затоа прашувам.
А дали знаеш дали и 02.01 ќе е штрајкот или од втори ќе си биде се нормално? Јас на втори треба да летам назад за Скопје
Никогаш не сум точно 20 секогаш сум до кило плус, никогаш не ми направиле проблем. Од Кипар бев само 4кг плус и тогаш само сум платила.
Добро, јас не би ризикувал. За некој што не е сигурен, првпат му е и не знае како да пристапи, сигурно ќе му биде непријатно искуство и ќе треба да плати пари кои не ги планирал. И јас на некој лет сум бил со поголем ранец без проблем, а другар рече исто така немало врска, не му правеле проблем. Во Скопје на аеродром плати 60 евра, на враќање од не знам која земја, плати 60 евра. А картата ја купи 20, па му испадна на крај 120, и тоа без посакуваниот куфер што го плати.
Со самата резервација имам покрај рачниот багаж и 20kg Checked-in bag(преку wizz priority опцијата). На апликацијата ми дава опција додадете багаж. Дали таа опција е ако сакам да додадам дополнителен багаж или пак треба да ја изберам нешто да не треба и багажот да го чекирам. Првпат летам и хаос ми направија во глава сите различни информации ми кажуваат. Исто денес на маил ми стаса за мојот лет нешто get more space, а подолу во информациите за летот и за inbound i за outbound flight си стои дека имам Carry on bag и 20kg Checked in bag. Треба ли нешто дополнително да чекирам за багажот?
Checked in bag не е багажот што оди со wizz priority, туку чекиран багаж. Мора да одиш со него на чекин и да го пуштиш долу. Додадете багаж е ако сакаш да докупиш багаж покрај тој што го имаш во резервацијата. Ако веќе имаш се што ти треба, не додаваш ништо.
Дали знаете од кога ке се појави ова на апликацијата, по колку време стига маил за известување? На другарка ми и стигна уште пред три дена и таа го презакажа летот да биде една недела порано затоа што тој што беше понуден не ни одговараше, а кај мене уште ништо нема. Страв ми е да не речат после дека нема измени и да остане истот лет па да останеме со две со различни карти. Дали можеби игра улога тоа што јас ја купив картата неколку дена после неа па затоа можеби уште ми нема стигнато известување за статусот на летот?
Затоа то кога кликам на start rebooking си бирам сѐ и на крај кога кликам стои дека е невалидно. Исто така пробав и преку компјутер да се логирам и ова го дава кога ликам на летот. На другарка ми тек кога и стигна маилот успеа да презкаже, а пред тоа и на неа истото и излегуваше.
Дали ако на аеродром треба случајно нешто за доплатам за багажот мора со платежна картичка на мое име или може и со картичка на друг?
Здраво, Сакам да патувам за Германија со мало дете од 14-15 месеци Дали за него треба да платам седиште? Дали имам право на бесплатен багаж за детето?
дечки дали постои опција откако веќе си купил багаж да го смениш? Или мора да доплатиш ако сакаш повеќе? Пример сум купила 10кг сфаќам дека ми е малце и сакам да сменам у 20кг, има опција или мора да си докупам плус? Пошо на апликацијава ми дава само да додадам багаж.
За 15 дена треба да патувам за мк со авион имам повратна карта за 1 недела. Е сега јас имам со Р. Македонија пасош и чекам термин за замена на пасош во Мк амбасада каде што сум. Денес слушнав дека можам со стар пасош да влезам во Мк, ама дека неможам да излезам. Дали некој има инфо околу тоа?