Здраво, дали некој знае дали Wizz Air прави рефундација на средства ако го откажам летот 3 дена пред поагање, а картите се купени без flex?
Здраво, немам купено седишта и за чекирање треба 24 сати пред летот, дали можам пример 20 сати пред летот да ги чекирам картите?
Како што ти рекоа погоре, чек-ин онлајн се прави од 24 часа до 3 часа пред тргнување. Ако заборавиш да се чекираш, ќе те чини 45 евра за еден билет.
И јас имам приметено дека од/до Скопје се драстично поскапени картите. Особено до Шведска и Германија.
Тоа е нормално, има преголема побарувачка, има гастарбајтери, сакаат да одат и да се враќаат за празници. Додека има кој да ја плати таа карта, цените само ќе растат за жал.
На пример ако леташ од/до Софија или Белград се поевтини картите. Повеќе ни се исплати така да летаме.
Здраво. Треба да патувам со WizzAir со 16 месечно бебе. Освен што ќе носам бесплатно во авионот куфер/торба што ќе биде сместена до нозете, дали можам да носам друга торба за работи на бебето? И со кои димензии да биде таа торба?
На карта купено само за со ранец, дали има врска кога ќе купам приорити во поглед на цена? Дали варира како што варираат картиве, пример порано е поевтино после поскапо? Картата е купена два месеци унапред, не сум уште сигурна дали да земам приорити, можно е на крај да испадне да не ми треба плус куферче, ќе биде ли поскапо ако почекам до ден пред лет? И колку се доплаќа на шалтер на пример ако картата ми е без, а се појавам на гејт со него?