1200??? Леле човече алчност! Последно во ноември 2023 користев такси до аеродром и беше 1000. Е не ми се верува значи. Дефинитивно сме еден од европските аеродроми со најлош и најскап пристап!
Знам, има ужасен timetable. Меѓу другото, еднаш кога го чекав воопшто не дојде. Никој не креваше на телефон, а беше 4 саат сабајле.
Другарка сега јануари до Мичурин 1200 плати. Најубаво замоли некој да те земе/однесе. Аздисале со цениве. А, автобусите и возниот ред се катастрофа.
Zdravo, pogreshka pri check in vnesov pogreshen den za datumot za ragjanje, dali kje bide nekakov problem za utresnoto patuvanje? Kako da go smenam? Fala vi
Париз е 60тина евра, Рим е 30 и 50 зависи од кој аеродром, софија 10тина евра (ама имаат топ метро, алал да им е за мене најОК во регионот), Будимпешта околу 30 евра.. Ако се земе во предвид дека нашиот аеродром е 25км од центар, 1200 и не е толку скапо.. Камео за 2.8 км ми зема 244 денари сега скоро, а немаше ни гужва.. Тоа е 87 денари по километар.. Е тоа е лудо, а не 1200 денари до аеродром за 25км..
Будимпешта има бусче на секој пола саат, кај нас е на секои 2. Рим исто памтам дека имаше чест автобус за евтини пари, исто така е и Малта. Софија ете има и метро.
Има бусче 100Е, точно е на 6-15 мин, јас стално со него си одам За и шатл бусчињата за до адреса не се многу скапи ако си сам, ако се повеќе души или бусчето до центар или такси.. Иначе од вечерва на полноќ 00:00, до 23:59 на аеродромот во Будимпешта ќе слетаат 149 авиони.. А на скопскиот аеродром 21 авион.. Броев, човек без работа во 1и30 по полноќ Затоа и има бусче нон стоп, зошто би имало од скопскиот аеродром ако им е неисплатливо?
Цената за приорити си остаува таа која ја пишува. Само некогаш за различни аеродроми има различна цена. Ако мислиш дека овој аеродром има лош пристап, треба да видиш како е за Франкфурт Хан за кој ако го испуштиш последниот автобус, испушташ и авион. И нема ништо друго освен такси (што ќе чини колку најмалку 6 авионски карти). И тој е само еден од примерите. Редовни и навремени се, до минута. Чудно е да не се појави, а патници зависат од тоа. Распоредени се така бидејќи тој период има најмногу полетувања и слетувања и ретко се чека повеќе од 1-2 часа. Како што веќе е пишано, споредуваш аеродром со помала и со аеродроми со висока фреквенција, што нема многу логика. Скопскиот аеродром има многу недостатоци, ова не е една од нив.
Дефинитивно е недостаток. Катастрофа се. Автобус на секој 3 саати. И што е со луѓето што се од други градови кои треба да чекаат 3 саати и може да го испуштат последниот автобус до нивниот град? Исто така и се прескапи, прескап паркинг, прескапо кафе. Катастрофа. Еден од најлошите аеродроми дефинитивно.
А чив проблем е тој што е друг град патникот? Еве јас еднаш летав од Охрид, па никој не ме праша како ќе стигнам од мојот град до таму. Инаку за цените на паркингот, кафињата и све друго си во право.
Дечки, ве молам. Ќе помислам дека сте вработени или на скопски аеродром или во автобуската компанија што сообраќа до таму. Аеродром едноставно МОРА да нуди повеќе опции. Да сме земја од трет свет, ќе разберам, толку можеме. 1200 денари за такси до скопски аеродром е едноставно многу. Таа цена може да ја наплатат во други, нешто поразвиени земји, со повисок стандард од нас. Воведи Flixbus, нека има конкуренција на тие WTransport. И зошто нема градски автобус кој вози до скопски аеродром, за 40 денари? И зашто сите такси подеднакво наплаќаат 1200 денари, каде е конкуренцијата тука? И зошто да чекам 2 саата откако ќе слетам, до наредниот автобус?
Толку малку летови има од скопски ааеродром се чудам како тоа Втранспортер уште не го укинале. Последно кога се возев со него 3ца патници бевме во цел бус (и тоа другите 2 странци беа, македонци навикнати сме со кола да не носи некој), а во наредни 2-3 саати имаше полетувања, не дека автобусов во лош период возеше. Нека се воведе градски автобус до Петровец или до Миладиновци селата, што после последна постојка до селото (или успут) би оставал патници до аеродром. Мислам дека би било исплатливо пошто и од патници и од жители што патуваат до селата би било користено.
Такси превозниците имаат регулирана тарифа по закон, т.е во зависност од градот кој се наоѓаат, па така и не може за иста релација да добиваш различни цени од различни превозници. Тогаш ќе се буниш зошто во 4 изутрина некој ќе ти побара 100 еур за до аеродром, додека во 11 часот за истата релација би платила пример 1000 денари. 1200 денари за релацијата не е воопшто скапо, како што ти спомна некој погоре, имаш опција да платиш 200 денари и да се шуткаш на аеродром 3-4 часа пред летот, или да си платиш такси и да бидеш на аеродром во разумно време. Не знам зошто уопште имаш размислување дека таксито е основна потреба, па да има цена која ќе може да си ја дозволат сите.
Океј, добро. Мене 1200 до аеродром ми е скапо, особено ако се возам сам. Автобусот, како што последниот пат не дојде во 4 сабајле, ми е unreliable. Во меѓувреме, ќе апелирам за повеќе опции.
А чив проблем е што од скопскиот аеродром до СКОПЈЕ, автобуси има само на 3 саати? Да не зборам за тоа дека нема воопшто директни автобуси од аеродромот до другите градови. Срамота.
Затоа што не може да вози за 40 денари.. Во Будимпешта што ја спомна бусчето е 5.5 евра а обичен билет низ град за едно возење е некои си 70 денари наши.. Или 6.5 евра за онаа 24 часа картата