Можам до утре да редам што се' е недостаток на скопскиот аеродром (на пример недостаток од македонски јазик е последниот шок што ми падна во очи) ама ова не е една од тие, а и темата е за wizzair, не за аеродромот. За жал, така е како што е затоа што се' е концентрирано за Скопје. Луѓето од други градови поголем проблем имаат да стиганат до Скопје отколку до аеродромот (Делчево нема автобуска линија до Скопје, а Берово мислам една или 2 беа, така нешто, поправете ме ако грешам), па стигнување од и до аеродромот им е најмал проблем. Подолу ќе наведам еден хипотетички пример. Ти пишав еден пример како е и тоа во Германија и нема друга опција. Или купуваш нова карта или одиш од друг аеродром. И таму е и монопол, а такси не чини 20 евра, МНОГУ повеќе е. Зошто е така? Затоа што е мал аеродром. Скопскиот е исто меѓу најмалите. Каква конкуренција треба да направи FlixBus на тие 200денари што ги наплаќаат овие сегашниве? Особено на толку малку патници? ЈСП не може да има за 40 денари зошто е предалеку. 25km се во прашање. Тие се хаос во Скопје, а не пак подалеку да излезат. Знаеш зошто чекаш 2 саати? Затоа што често има доцнења и ако автобусот тргне порано, ти ќе треба да чекаш не 2, 4 часа. Не мораш да чекаш 2 саати, затоа имаш такси ама такси ти е скапо (1200ден е навистина многу ама 25km се). За од друг град (70km), на пријателка (пред поскапувањата, значи сега најверојатно е и поскапо) ѝ земаа 6000 денари затоа што не сака да чека 3 часа (како што прави на сите други аеродроми). Ако летот ѝ е подоцна и сака да патува вечерно време, ја чинеше 2000ден повеќе. Не ми е јасно ова, да е некој од Скопје, да ја има „привилегијата“ да излезе во 2 ноќеска (а не во 11часот преку ден како луѓето кои се од Виница, на пример, на кои последен автобус им е од Кочани во 13 часот па на аеродром мора да чекаат 12 часа, некогаш и повеќе) и да го фати автобусот во 3, авионот да е во 5 и на крај тоа да е проблематично? Да не се сфатиме погрешно, секогаш сум за промени на подобро и те поддржувам ако се побуниш. Ама смешно е да мислиш дека 2 часа се многу. Ептен излеговме од темата.
Дали некој може да ми објасни - за 3ца патници ако двата ги изберам со priority (за да имаме по 2 торби горе), а третиот без priority (значи само со ранец), што ќе значи тоа, нема заедно да се чекираме? Се надевам јасно е прашањево..не знам каде да побарам одговор
Нема врска чекирањето со ова, сите заедно може да си се чекирате и да одите горе заедно. Кога ќе влагате во авионот единствено има една како лента за priority и non priority ама не дека таа некој ја почитува значи може да стоите и заедно со третиот што не носи куферче.
Ти благодарам многу, одамна не сум летала и малце сум збунка..односно имам трема и милион прашања ми се отвораат. Значи велиш ова priority така функционира...доплатата е значи за куферот,а за редот исто ти се фаќа...
Па да. Само што приорити исто имаат предност за влез во авионот и за чекирање, побрзо пди најчесто таму зошо нема мн гужва. Ама секако исто ти се фаќа. Пак ќе сте у исти авион и дур не влезат сите нема да тргне
Па искрено до некаде да, сум патувала и со приорити и без и нема некоја значенска разлика. Некогаш исто и со приорити сум чекала така што на некој начин исто ти се фаќа. Јас го гледам приорити како шанса да си носиш и ранец и мало куферче без да се трупаш во 20кг куфер ако не ти е потребно инаку вака нема некоја јасна граница.
Мислам дека теоретски можеш но треба да видиш, јас лани требаше да откажам карта до Осло и кога видов колку се плаќа фее ми се исплатеше повеќе да ми пропаднат пари него да платиш. Памтам дека се доплаќаше некоја сума, пример јас картата ја земав ептен евтина и ова беше нешто као дупло од цената. На крај отидов
Имам веќе купено и повратна карта. Ако сега за одење не доплатам за куфер, после за враќање ќе може да доплатам?
Ако имаш купено карта со Wizz Flex тогаш можеш да го промениш летот без да доплаќаш за промена или да ја откажеш картата и да ти се рефундираат парите на сметка. Во друг случај не се враќаат парите
Здраво, имам едно прашање Дали на аеродром доколку носам една кутија цигари во џеб во палтото ќе треба да ја извадам и да ја покажам? Не ми се смеете ама несакам да види сопругот дека носам цигари, да не се расправам таму Или па подобро е да ја носам во ранецот? Како да ја пренесам а да не ме накодошат
Мислам дека нема да треба да ја вадиш, јас у ташничка сум си носела хеетс и не сум ги вадела. Може подобро да ги ставиш во ташничка или у ранец.