Зип кесички имаше во Стокомак и тоа ефтини се, за по дома ми се наоѓаат за замрзнување. Во нив се стави од козметика и парфем никој ништо не ми фрлил до сега. Ем како несесер ми е. Смееш, само пред скенер ќе си ја оставиш во корпата и ќе си ја земеш после. Не ми направиле проблем и малечка ташничка и ташна голема сум носела.
Во рачен багаж (кабински), можеш до 100 мл пакувања да носиш, максимум 1 литар. Јас досега никогаш сум ги немал спакувано во зип кесички, а често имам патувано, можеби среќа сум имал. Најчесто носам помали пакувања соодветни за во авион, па така сум немал куфер. А ако одам на повеќе денови, обавезно си купувам на дестинацијата, паста за заби, шампон, дезодоранс и слично. Ако одам на 2-3 дена, тогаш од дома си носам мини пакувања, кои ги купувам, или ги претурам од некои поголеми.
@SummerGirl дали знаеш во рачен багаж Wizzair дали може да се носи шминка (количина помала од 100мл). Дали прават проблем за ова? Можеби е банално но подобро да прашам- дали покрај лична ташна може да се носи лаптоп? или дополнително се наплаќа?
Лаптоп може горе да носиш, ама во рачниот багаж. Не може посебно. Шминка може помала од 100мл., ама стави ја во несесер.
@Dancewere Ти благодарам многу, искрено мислам до сега Рива се со најдобра цена. Поздрав и убава вечер
@FreeToGo Ти благодарам многу, задолжителна е резервација ден пднапред, или може дента кога одам на аеродром да повикам такси? Може се има нешто сменето, до сега немам однапред вршено резервација
@SummerGirl @Waverly Raven Не знам дали точно разбрав, но лична ташна може да се носи посебно плус рачен багаж?. Дали може ташна и лаптоп (кој се смета како рачен багаж)?
@SummerGirl а може лаптоп +ташна (без рачен багаж), во овој случај дали е дозволено шминката да е во ташна? можеби уште некој има искуство околу ова прашање- Дали шминка (пудра и маскара) може да се носи во ташна?
Дали некој се има чекирано преку апликација и дали апликацијата функционира? дали носите испринтан boarding pass или само на апликација ?
Апликацијата функционира. Се логираш со својата корисничка сметка, се чекираш и boarding pass ќе ти биде достапна. Шминката може во ташна, јас досега секогаш и нив ги ставам во зип проѕирна ќесичка со останатите течности. Навистина не знам дали ги класифицираат како течности. Ако немате доплатено приорити, дозволено е само едно парче рачен багаж и сѐ влегува во него, а не калкулации ранец+ташна, ташна+куферче и слично. Тоа што прогледуваат низ прсти и пуштаат е до вработените, а не до правилата на Wizz.
Не е задолжително ама пожелно. може да се деси да нема такси. Затоа подобро 1 ден претходно јави се во било која такси фирма и резервирај.
Тоа значи дека мора да се појавиш на шалтер за да ти дадат boarding ticket. Како на пример во аеродромот во Ск.
И мене каде што сум летала често, секогаш вака ми давало, зависи можеби од дестинацијата. Се мислам дека е поради екстра документи, од типот на виза, ако престојуваш долго таму, или на времето корона тестови. Без грижа како и да е.
Како е периодов со гужви на аеродром(check-in, пасошка контрола)? Колку треба порано да се биди таму?