^ По некоја логика ДА, би му правеле проблем на секого што ќе влезе кај нив со билет во 1 правец... Купете карти со отворена дата за враќање, или ставете дата, а после тоа променете ја, кога ќе знаете точен ден
Неуспеав да се снајдам па можеби вие ќе ми помогнете: Визз малолетниците над 16 години ги смета како полнолетни,нетреба да име одговорен за нив,ама прочитав дека резервацијата преку нет може да ја направи само полнолетно лице над 18 год Е сега што да правам јас со 17 ипол години?? Можам ли сама на мое име да си резервирам лет или мора родителите даа ми резервираат??? Несваќам плиссс хееелп
И јас имам нејаснотии.Значи неколку пати имам купувано карти,летавме со нив и јас и блиските мои. Ама, еве сега пробувам да резервирам и ми ја одбива картичката.Од вчера вечер се мачам да платам,денес пак пробувам,ама ме одбива. Проблем не е платежната картичка,има и доволно средства.Се прашувам дали ме одбива бидејки резервирам билет за еден правец до Ск. И како да оставам отворена дата за враќање? А плус и поскапен е багажот,дали заради летнава сезона сега,незнам.Беше,во април последен пат купував карти,багаж чекиран 20 евра,сега е 30.Мала кабинска торба 10,сега е 15. Ај кој знае,да ми објасни,фала многу.
последниот лет со нив на картата ми пишуваше дека има и багаж значи наплатен ми беше и заведен за да после денот на летанјето да ми кажат оти картата не била со багаж демек нешто не било исправно заведено и така сакала или несакала си доплатив уште 45 евра
Девојки да ве прашам, кога ќе резервирате, што ви праќаат на мејл. Јас добив како некоја конфирмација со потврдувачки код ама не ми е сигурно. Со приложување на тоа, на аеродром ќе ми дадат карта или...
Јас вчера резервирав карти, ја одбрав опцијата да ги платам со банковен налог... Сега не ми е јасно, погоре прочитав да се плати од Комерцијална банка, меѓутоа на нивната страна немаат наведено дека треба од некоја конкретна банка, па ме интересира дали можам да платам од Тутунска Банка? И пошто гледам дека се префлуваат пари на банка во Унгарија, даваат и SWIT код, колку се трошоциве за префлување на пари преку банка?
Бидејќи сметката на WizzAir е во Комерцијална банка, таму ќе ти биде најмала провизијата. Јас од таму плаќав и ми наплатија само 100 денари за провизија (што е поефтино во однос на плаќање со картичка)
Точно, веќе уплатив преку Комерцијална Банка, ми земаа само 100 денари провизија. И треба да имаш трансакциска сметка во банката.. Само незнам зошто кажувате дека е поефтино во однос со плаќање со картичка, мене ми го даваше истиот износ без разлика која опција на плаќање ја бирав..?
Можеш да резервираш во еден правец, само ја избираш таа опција. Сигурно не е проблем тоа што е во еден правец, јас пред неполн месец земав карта во еден правец и немав никаков проблем. Јас повеќе би проверила да не има проблем со картичката, дали може да се плаќа со неа секаде или такво нешто. Инаку ако не си сигурна за датите земи си Wizz Flex, ќе ти заштеди пари, а мислам дека не богзнае колку скапо. Ние така лани јако се изгоревме - ги земавме без можност за промена, а моравме да го одложиме летот од здравствени причини. На крај не кошташе повеќе отколку да одевме со било која друга компанија. Ана Каренина, ако патувате повеќе од двајца обично се исплати да си земете клуб картичка, не се сеќавам точно како се викаше. Инаку во однос на различните цени на одење и враќање - секогаш се различни кај Визер. Ако не ви се фиксни датите побарај за други дати, можеш да најдеш поповолна опција. Обично намерно ги прават така, едната да ти биде поевтина, другата поскапа. Најчесто ако одиш 3-4 дена е поскапо отколку ако одиш 10-тина дена. До скоро на распоредот на летови имаше и цена, па лесно се наоѓаа поевтини летови, но сега гледам дека го тргнале тоа. Сепак, може да се провери со пробување различни опции, само одзема повеќе време.
Можно е кога си го чекирала багажот да си го испуштила на едната карата , бидејки имаш две карти одење и враќање мораш да штиклираш багаж на двете карти ,и нормално ти го наплаќаат посебно т.е 20 +20 (тоа зависи и од должината на летот може 20 +25-30 еу)може си платила само за едната карта Што се однесува на темата ептен се израдував кога дојдоа во Мк , бидејки често патувам и се имам возено со многу авиокомпании би рекла колку пари толку музика иако изгледаат комплицирано у принцип е едноставно ,работат на истиот принцип како и сите нискобуџетни компании се се наплаќа ЕКСТА дури и некои други имаат и скриени трошоци како на пр осигурување кое автоматски штиклирано итн , најважно треба внимателно да читаш . Покрај сите ЕКСТА/С најефтини се од Мк иако на почеток беа по ефтини инаку за седењето има лек ако не сакаш да те туркаат земи си приорити ,јас најчесто го зимам за од мк ,за назад поретко бидејки по цивилизирани се и плус кога слетувам таму не чекам со саати на пасошко (пола авион од мк не знаат англиски , немаат документи и скоро секој пат по неколку од нашите ги тргаат на страна (во соба или кај ги носат незнам) срамота е знам ама во последно време приметив за нашиот лет почнаа по 4 царинарници да ставаат на европските 1-2 ама тоа едруга тема забегав Ако патувате почесто Визз картичката ептен се исплати 20 ЕУ е годишно , патувајте со помалку багаж но иако се наплаќа барем 30 кг и до 6 куфери можеш да земеш (секој одделно се наплаќа),кај другите компании 20-23 кг плус секое кило екстра ,,боли,, можеш и флех за менување на датум (оваа опција не ми се допаѓаат условите) и опција ако не слетаат на време ти плаќаат 100 евра имаше скоро пакет од сите опции со добар попуст плус голем рачен багаж (кој мислам се наплаќа 10 ЕУ). Еве доколу има некој што незнае се резервираат фактички две карти и на секоја карта треба да додадеш /одземеш рачен багаж мал (школско ранче /лаптоп ташна) бесплатно голем рачен (мало троли) 10 евра , куфер во зависност од должината на летот до /над2часа и сезона ниска/висока околу 20 -30евра по куфер по лет(карта) 32 кг дозволено / за да заштедите ако сте двајца може еден куфер да носете , плус такса 16еу беше мислам за резервација плус 8 еу за плакање со картичка (е ова е глупост соред мене )и приорити 4-5 еу или резервирано седиште околу 8 еу ова се цени за онлајн чекирање и резервација на аеродромот е многу поскапо а најскапо е на портата (пред да се качеш во авионот) Е сега коа се чекираш он лине го печатиш боардинг пасот и секаде освен кај нас ако немаш багаж си поминуваш е кај нас само мора да одиш на шалтер за пак да те чекираат (ми објаснија дека тоа е така поради слабата инфирмираност на нашите за тоа што и како можат да земат со нив во авионот +плус дозволената големинана багажот) .Во секој случај со Визз се раздвижи македонскиот народ и многу ми е мило
Дали покрај малата кабинска торба која е бесплатна, можам да носам и ташна? Колку што читам на сајтот изгледа не може.. На сајтот им стои: Wizz Air нуди две опции за кабински багаж, но има строга политика за една кабинска торба по патник: 1. Мала кабинска торба 2. Голема кабинска торба Дополнително, патниците можат да ги носат предметите наведени подолу: палто или ќебе мобилен телефон нешто за читање на летот за деца на возраст под две години: храна, количка за дете што се склопува или мала корпа пар штаки за лица со физички инвалидитет На патниците што носат повеќе од едно парче кабински багаж нема да им биде дозволено да поминат низ безбедносната проверка и ќе мора да се вратат до шалтерот за пријавување или да се ослободат од дополнителните парчиња рачен багаж.
Јас носев ранец, значи немаше ни 3кг, и плус лаптоп и ми рекоа само едно сум можела да внесам во авион И ме тераше таа тетката да го пикнам лаптопот во ранец, а тој 17 инча, огромен не го собираше па така откопчан го внесов, пола екранот му штрчеше надвор А ташна носев таква мала преку рамо, само за документи. Не верувам дека би правеле проблем, освен ако не е некоја мн голема. Како и да е, испланирај си да можеш да ја пикнеш во рачниот багаж ако ти речат како и на мене.
Не може , ни ептен мала ташна ама сепак тоа зависи кој е на смена и кој аеродром, мене ми се има случено да не ми прават проблем а другиот пат морав ташничено (буквално ташниче 10х5 см)да го ставам во рачниот багаж , може само едно или лап топ или ташна/чанта или мал рачен багаж . И внимавајте на димензиите бидејки често ги мерат па ако е поголемо од дозволеното бесплатно( има метална ,,корпа/сталажа,,) ке си платите или ке мора да го чекирате или фрлите во краен случај.Значи и да носите 2 торби секогаш мора едната без проблем да ја собира во другата бидеќи мора само 1парче багаж килограмите не им се важни .Мој совет рачниот багаж да ви биде од мек материјал лесно поминува иако е со малку поголеми димензии
Можам ли само да резервирам карти, без да ги платам? Не можам да се снајдам баш на сајтов... Тргнав да резервирам чекор по чекор (избери лет - патници - услуги - контактни) и сега стигнав до плаќање. И уште нешто, ова плаќањево преку акаунт на сајтот, мора да биде секој со свој акаунт да си купи карта? Или можам за цело семејство со мојот да купам? Број на пасош се пишува ли некаде? Како ќе знаат дека стварно сме си купиле карти?
Ана јас резервирав карта ,и одбрав да платам со банковен налог во рок од 24 цаса мора и да се плати или ке ти отказат резервацијата. Инаку сум задоволна од Визаир ,патував со нив накај Мк и се супер помина Сега во среда летаме пак назад со нив Само требав порано да купам билет ,поефтино ке испаднесе ама тоа е
А како да знам дали има слободни места за тие летови? Затоа што ова колку што гледам се плаќа посебно, еден по еден. Што ако платам за тројца, а за четвртиот нема место?
Па кога го бараш летот уште на почетокот те прашува да одбереш дестинација, кои датуми и колку патници, со твојот акаунт можеш да ги купиш картите одеднаш за сите кои патувате..
Само уште една работа - дали може да платиме со дебитна Мастер картичка? На сајтот пишува дека може со дебитни и кредитни картички, ама еден пријател ни кажа дека морало со електронска платежна картичка.
Здраво да прашам дали во голем рачен багаж можам со мене да си носам преса за коса? Проверуваат негде??